5 начини како да заборавите на болките во вратот 1

5 начини како да заборавите на болките во вратот

Со оваа непријатна појава барем еднаш во животот се соочиле речиси 2/3 од светската популација. Болката во вратот е многу чест проблем. Доколку и вас ве измачува, прочитајте го овој текст и дознајте што може да направите за да се ослободите од болките во вратот, како и да го превенирате нивното појавување.

Во вратната регија се наоѓаат скоро 7 прешлени, артерии, кожа, лимфни јазли, ’рбетен мозок, вени и тироидната жлезда. Па така, било која болест која напаѓа некој од овие органи може да биде причинител на болка. Исто така, одредени повреди на вратот може да предизвикуваат болка. Сепак, најчесто овие нелагодности и болки не се сериозни и се резултат на неправилна положба на држење на вратот, па ви предлагаме неколку начини на кои може да се ослободите од нив.

5 начини како да заборавите на болките во вратот 2

Топло-ладни облоги

Топло-ладните облоги може многу да ги олеснат болките во вратот. Држете ладна облога на болното место околу 15 минути, а потоа заменете ја со топла која ќе чувате исто толку време. За да почуствувате некоја разлика и подобрување, постапката повторувајте ја неколку пати во текот на денот. На овој начин се подобрува циркулацијата на крвта, во пределот на вратот.

Масажа

Масажата ги опушта мускулите и ги разбива чворовите. Затоа, практикувајте лесни масажи со кружни движења кои ја подобруваат целокупната состојба на телото.

Масло од рузмарин

Маслото од рузмарин е навистина ефикасно против болките во вратот. Помага така што го загрева местото и ја подобрува циркулацијата на крвта на местото на кое е втриено. Може да го измешате со неколку капки масло од јојоба или авокадо и да го масирате вкочанетиот врат од 10-15 минути  во текот на денот.

Истегнување

Истегнувањето ќе ви помогне да ги опуштите мускулите, особено доколку цел ден работите на компјутер и вратот ви е постојано во неправилна положба. Неколку пати во текот на работниот ден направете лесни вежби за истегнување така што најпрво ќе ја завртите главата на десно како да сакате да си го допрете рамото и останете во таа положба неколку секунди. Потоа, повторете ја постапката и на другата страна. Притоа, внимавајте да не се повредите.

Опуштање

Опуштањето може многу да ви помогне кога болките во вратот се јавуваат како резултат на напнатост и стрес. Правете лесни вежби со дишење, разговарајте и забавувајте се со пријателите, одете на јога, медитација и практикувајте други слични лесни активности кои ве опуштаат.

Совет плус: Покрај се сите дадени насоки во погорниот текст, може да пробате и акупунктура и масажа со есенцијални масла.

Ви препорачуваме да прочитате: 9 природни начини за намалување на болката во колената.

Сподели: