мариниран свински врат

Мариниран свински врат на скара

Убавото време искористете го за да организирате пикник со пријателите и блиските во вашиот двор, во некоја викендичка или некое блиско излетничко место. Без оглед на тоа каде ќе се одлучите да одите, ние имаме одличен предлог за совршен излет. Мариниран свински врат на скара, идеален во комбинација со ладно пиво.

Месото на скара, е секогаш повкусно од печеното на класичен начин. А ако го послужите во комбинација со свежа салата, ќе добиете спој на вкусови на кој тешко може да се одолее.

Мариниран свински врат на скара

Состојки:

  • 0.5 кг свински врат од Агриа
  • 15 г мешан сув зачин (може да кориситите и зачин за месо)
  • 30 мл црвено вино
  • 20 мл масло.

Подготовка:

  1. Свинскиот врат измијте го и исечете шницли. Со помош на кујнски чекан израмнете ги парчињата месо. Посипете ги со мешан зачин, прелијте ги со црвено вино и оставете ги да се маринираат околу 30 минути.
  2. Скарата премачкајте ја со масло. Ставете ги шницлите и печете на тивок оган, повремено превртувајќи ги додека месото добие убава боја.
  3. Кога ќе се испечат, веднаш ставете ги во сад и држете ги покриени до сервирање.
  4. Сервирајте со свежа салата по избор и послужете ги. На здравје!

Совети плус:

  • Свинскиот врат можете лесно да го направите и дома, во грил тава која не треба претходно да се премачкува со масло.
  • А за да одберете свинско месо со врвен квалитет ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа ширум земјата или да го побарате нивното свежо месо во Тинекс и Рамстор маркетите. Агриа имаат свежо, вкусно и висококвалитетно свинско месо од домашно производство. Сигурни сме дека штом еднаш ќе го пробате месото од Агриа, тоа ќе биде ваш прв избор! А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.
Мариниран свински врат на скара

Ви препорачуваме да прочитате: Печен свински врат со зачини.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: