Убавото време во пролетните денови ќе ве инспирира да направите скара или да испечете месо во рерна. Затоа, ви откриваме проверени трикови и совети за подготовка на месо!

Времето затоплува, па е идеално за подготовка на скара. За сите гурмани и љубители на печената храна имаме супер совети! Подгответе вкусна риба на жар. Само следете ги насоките кои ви ги даваме и ќе ја имате најдобрата печена риба која нема да ви се распадне при следната подготовка на скара. Нема кој не би сакал залаче плус.
Сочни ребра кои се топат во уста! Печени во рерна во сос за скара! Звучи одлично зар не? – Ребрата подготвени на овој начин се делат од коската, а месото е сочно и меко. Вкусот од зачините совршено го надополнува сосот за скара, па овој рецепт ќе ве натера да посегнете по парче плус. Па, уште во прва прилика штом ви се пријадат, направете печени сочни ребра во сос за скара.
Нека семејната дружба биде позабавна, а топлите денови максимално искористени. Направете вкусна семејна скара и имајте незаборавни мигови со вашите најблиски на пролетното сонце. А за целосно уживање во совршено подготвена скара, покрај квалитетното парче месо потребно ви е и одредено скараџиско искуство. За таа цел, направивме мало истражување, па во оваа прилика со вас ги споделуваме нашите најнови сознанија за подготовка на вкусно месо на скара.
Сосот за скара е вкусен и може многу лесно да се искористи за подобрување на вкусот на пилешкото или на било кое друго месо по ваша желба. Додека маринадата се користи најчесто за да го омекне, сосот за скара се впива во пилешкото, па тоа е повкусно и посочно. Токму тоа, нè инспирира да ви кажеме што ново пробавме! – Направете си маринирано пилешко месо со сос за скара и уживајте во една поинаква димензија на вкусови и сочност кои не може да ги постигнете со стандардна маринада.
Наближува традиционалното пролетно скараџиско собирање! Дружењето со пријателите кои не сме ги виделе некое време е најзабавниот дел, но тоа не би било така, ако храната не е совршена и пијалаците ладни, нели?! Па, затоа што и ние од искуство знаеме дека е важно да се има некои вештини, малку истражувавме и дознавме некои проверени насоки и мали тајни за совршена скара!
За денот на трудот традиционално се оди на излет и се прави скара, па доколку сакате овој 1-ви Мај да имате навистина добро подготвено месо, наместо да купувате готови смеси за ќебапи и плескавици, направете си ги сами. Со помош на нашите инструкции и рецепти може да ги направите најдобри ќебапи и плескавици досега.
Рататуј е традиционален француски специјалитет, чие име во превод значи мешана разновидна храна. Станува збор за лесен медитерански оброк, кој брзо се прави и е одличен начин да го искористите и изедете здравиот зеленчук. Се приготвува на различни начини, а сега имате можност да дегустирате вкусен рататуј на скара приготвен дома.
Заедничката подготовка на јадење е интересна активност за друштвото или семејството! Сите се собираат на едно место, атмосферата е опуштена и неформална, природна и спонтана. Тоа е момент кога може да се направи вкусна скара за најкратко време од различни меса и зеленчук. Нема многучасовно готвење, а има многу забава.
Времето затоплува, па многумина од нас почесто излегуваат во природа. А покрај тоа и првомајските празници не може да се замислат без вкусна скара која се приготвува по ливадите. А кога сме кај скарата, ако немате или сте заборавиле да ја понесете со вас, имаме супер предлог. Може да си направите скара од конзерва и тоа за само две три минути.