месо на скара

8 скараџиски совети за совршено месо на скара

Нека семејната дружба биде позабавна, а топлите денови максимално искористени. Направете вкусна семејна скара и имајте незаборавни мигови со вашите најблиски на пролетното сонце. А за целосно уживање во совршено подготвена скара, покрај квалитетното парче месо потребно ви е и одредено скараџиско искуство. За таа цел, направивме мало истражување, па во оваа прилика со вас ги споделуваме нашите најнови сознанија за подготовка на вкусно месо на скара.

Како совршено да испечете ребра, плескавици или кременадли? Колку често месото треба да се врти за да биде идеално печено, но и да ги задржи своите сокови? Еве како да ги избегнете типичните грешки и да направите совршен и вкусен оброк во кој сите ќе уживаат.

месо на скара

Внимавајте на температурата на жарот

За вкусна скара, потребно е да направите жар кој нема да биде ни премногу силен, но и преслаб. Ако жарот е премногу силен, месото ќе изгори за неколку минути. Но ако е преслаб, месото нема да се приготви ни по половина час. За да биде месото сочно и идеално печено, важно е да ја погодите силината на огнот.

Пред печењето важно е месото да биде на собна температура

Непосредно пред да ја запалите скарата, извадете го месото од фрижидер со цел да се затопли на собна температура. Ладното месо нема да се подготви рамномерно на скара. Постои опасност во средината да остане непечено, додека од надвор да биде препечено. Затоа, наместо замрзнато, секогаш користете свежо свинско месо. Свежото месо има бројни придобивки во споредба со замрзнатото. Најважно од сè е тоа што е похранливо, текстурата е подобра, па е идеално за подготовка на скара. Наш прв избор се Агриа, затоа што месото им е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Па, посетете некоја од нивните месарници ширум земјата или побарајте го во Тинекс и Рамстор маркетите. Гарантираме дека свежото месо од Агриа, ќе ги задоволи вашите очекувања и ќе ја приготвите највкусната скара!

Месото посолете го со крупна морска сол

Со цел месото да добие вкусна крцкава кора, посолете го со крупна морска сол.

Месото исечете го на парчиња со дебелина од 1 до 1,5 см

Совршена дебелина на парчињата месо за скара е од 1 до 1,5 см. Помалите парчиња со правилен облик, побрзо ќе се испечат во внатрешноста во споредба со дебелите парчиња месо кои имаат неправилен облик.

Решетката за скара премачкајте ја со масло пред печењето

Пред подготовка на месото, решетката на скарата премачкајте ја со масло или парче сланина. Oва особено важи за помалку масните меса како пилешкото и мисиркиното. Ваквите меса ќе се залепат на скарата, доколку решетката не е добро намрсена.

Не претерувајте со вртење на месото

Не претерувајте со вртење на месото и не го притискајте, бидејќи на тој начин тоа ќе ја изгуби својата сочност и арома. Месото на скара го добива својот специфичен вкус благодарение на карамелизираната површина, која се создава кога парчињата месо се печат на соодветна температура и време. Кога ќе дојде време месото да се заврти, внимателно одлепете го од решетката, а доколку се лепи иако скарата е добро намрсена, тоа е знак дека треба да се печи уште неколку минути за да се добие убава карамелизирана површина.

Користете маринада за месо

Скарата ќе има подобар вкус доколку месото го маринирате пред печењето. Штом правите скара направете маринада со масло и зачини и ставете го месото. Оставете го да стои неколку часа пред печење, а идеално е доколку истото отстои во маринадата преку ноќ. Не заборавајте во маринадата да додадете и малку киселина како лимонов сок или оцет, бидејќи тие го спречуваат развојот на хетероцикличните амини кои се јавуваат при печење на високи температури. Маринадата му дава посебен вкус и мекост на месото, но само доколку истото стои во неа пред подготовката на скара. Никогаш не го премачкувајте месото со маринада додека се печи на скарата. 

Печеното месо чувајте го во затворен сад

Откако ќе го извадите од скарата, месото ставете го во затворен сад за малку „да одмори“. На тој начин сите сокови ќе останат во месото.

Идеја плус: Ако немате време, а месото на скара ви е омилено, Агриа се тука да ви помогнат. Збогатете ја вашата трпеза со сочно и вкусно месо на скара од домашно производство, со можност за порачка од две локации: Гоце Делчев бр.28 (Кај судот во Велес), телефон за нарачка 072/212-966 и 043/223-323, и 3-та Кумановска ударна Бридага бр.22, Велес, телефон за нарачка: 071/217-563, 072/212-982 и 043/254-443.

совети за скара

Ви препорачуваме да прочитате: 5 најдобри зачини за подготовка на свинско месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: