Брзо скараџиско макало 1

Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска – Брзо скараџиско макало

„Откако еднаш ќе го пробате, ќе ви стане традиција. Собиранките со друштвото се идеална прилика за да го пробате ова макало! Штом се прави скара, се знае, без макало не ја бива, па еве го рецептот за моето и наше, омилено, едноставно и брзо скараџиско макало!  – вели Катерина Шамбевска Спасеновска фудблогер и уредник од нашиот тим.

„Дружењето ќе ви биде позабавно, а скарата повкусна. Препорачувам на скарата да си испечите и леб со малку нане и црвен пипер, па задоволството од храната ќе би биде уште поголемо. Полн погодок!“ – додава Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Брзо скараџиско макало 2

Состојки:

  • 1 главица лук
  • 1/2 чаша вода
  • 1/2 чаша јогурт
  • сол по вкус
  • јаболкова киселина по вкус
  • масло по вкус.

Подготовка:

  1. Лукот излупете го, па чешнињата измијте ги и малку исечкајте ги. Потоа ставете ги во поголем дрвен сад за толчење.
  2. Со помош на дрвен толчник, лукот истолчете го, а повремено додавајте по малку масло така што смесата да наликува на густ крем.
  3. Откако сте завршиле со толчењето, посолете и додајте киселина, па измешајте.
  4. На крај, на повеќе пати и со повремено мешање, додајте ги јогуртот и водата.
  5. Откако е се измешано, време е да се проба. На здравје!

Препорaка од авторот:

Обожавам, брзи, вкусни и лесни рецепти! – Па, ако ви се допадна предлоговразгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Ви препорачуваме да прочитате: Испечете 25 пиперки за 15 минути, вкусни како на скара.

Сподели: