Маринирани ребра на скара или во рерна, превкусни и на двата начини!

Планирате пикник со пријателите или ручек со најблиските во вашиот дом? – Имаме одличен рецепт за вас! Вкусни маринирани ребра, идеални за на скара или во рерна. Како и да ги подготвите, неизмерно ќе уживате!

Одлична гозба за сите! – Соберете го друштвото и уживајте во неодоливиот вкус на овие маринирани ребра. А наш предлог за максимално уживање е да ги послужите во комбинација со ладно пиво. Наздравете и препуштете се на моментот!

Маринирани ребра на скара или во рерна, превкусни и на двата начини!

Состојки:

  • 1 кг свински ребра од Агриа
  • 500 мл пиво
  • 2 лажици мед
  • 50 мл соја сос
  • 2 лажици кечап
  • ½ лажичка чили зачин
  • 1 лажичка црвена пипер
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Во подлабок сад измешајте ги сите состојки. Додајте ги свинските ребра и превртете ги од сите страни.
  2. Садот покријте го и оставете ги ребрата да отстојат во фрижидер најмалку 2 часа.
  3. Потоа, извадете ги ребрата и исцедете ги.
  4. Скарата загрејте ја и ставете ги да се печат. За време на печењето, со помош на кујнско четче премачкувајте ги ребрата со маринадата.
  5. Готовите свински ребра послужете ги со гарнир по ваша желба. На здравје!

Совети плус:

  • По желба, пред печење, свинските ребра премачкајте ги со пресован лук.
  • Ребрата може да ги испечете и во рерна. Ставете ги во тава за печење, прелијте ги со маринадата и покријте ги со фолија или со капак во пекач. Ставете ги да се печат околу 70 минути, а потоа отстранете ја фолијата/капакот и вратете ги ребрата во рерна уште 20-30 минути.
  • А за да добиете ребра со најдобар вкус, најважно е да користите свежо свинско месо. На тој начин маринадата полесно ќе се впие во месото, а со тоа и вкусот на печените ребра ќе биде подобар. Кога станува збор за свежо свинско месо, ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа. Од Агриа имаат ребра, а и други видови месо со врвен квалитет. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор!
Агриа

Ви препорачуваме да прочитате: 5 совети за совршено печено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: