Пилешко со сос за скара 1

Пилешко со сос за скара повкусно отколку со стандардна маринада

Сосот за скара е вкусен и може многу лесно да се искористи за подобрување на вкусот на пилешкото или на било кое друго месо по ваша желба. Додека маринадата се користи најчесто за да го омекне, сосот за скара се впива во пилешкото, па тоа е повкусно и посочно.  Токму тоа, нè инспирира да ви кажеме што ново пробавме! – Направете си маринирано пилешко месо со сос за скара и уживајте во една поинаква димензија на вкусови и сочност кои не може да ги постигнете со стандардна маринада.

Постапката за маринирање е многу едноставна. Сè што треба да направите е да го подготвите или уште полесно да си набавите вкусен и квалитетен сос за скара и во него да го ставите месото. Брзо, лесно и едноставно, а вкусот на вака подготвеното пилешко ќе ве воодушеви.

Пилешко со сос за скара 2

Па, кој сос за скара е најдобар за подготовка на месото?

Може да користите било каков сос за скара. Како што рековме, ако имате време може да се потрудите и да го припремате сами. Започнете најпрво со некои основни состојки кои се користат и за маринада. Ќе ви треба некоја кисела состојка за зачувување на месото, лук или некаков солен сос за да и даде вкус на маринадата и масло за да го одржува месото сочно. Постојат различни сосови за скара кои може да се користат за маринирање на пилешко месо, па може да експериментирате. Може да употребите соја сос и да направите некој азиски специјалитет, или пак да додадете лимонов или сок од портокал за да му дадете цитрусна нота на месото. Може да експериментирате и со некои билки и зачини. Сè е до вашата желба и вкус.

А, ако сакате да „играте“ на сигурно и гарантирано да добиете совршен вкус на месото, па и без да се мачите со подготовка, треба да знаете дека има начин. Веќе некое време на рафтовите во маркетите може да се најде многу вкусен и лесно достапен за сите, сос за скара од Витаминка, која важи за проверен бренд и без двоумење го препорачуваме. Нам ни се допадна многу, па ви препорачуваме и вас да го пробате уживањето од светот на вкусовите.

Како да го маринирате пилешкото месо со сос за скара?

  1. Откако имате сос за скара, ставете го пилешкото месо во некоја ќеса или сад со капак.
  2. Додајте го сосот за скара, така што целосно ќе го покрива пилешкото месо и добро затворете ја ќесата или садот.
  3. Вака подготвеното пилешко месо треба да стои во сосот најмалку 4 часа. Притоа, најдобро е за тоа време да стои во фрижидер. А, уште подобри резултати и вкус ќе постигнете доколку истото стои во сосот за скара и подолго од 4 часа.
  4. Вака припременото месо може да го печете на скара, во рерна, a вкусно е и ако решите да го варите.

Совет плус: Ние препорачуваме месото и сосот за скара да ги ставите во ќесичка бидејќи така ќе ви биде потребно многу помалку сос за да се прекрие пилешкото. На тој начин ќе ви треба и многу помалку место во фрижидерот. А кога месото е зготвено, секогаш оди одлично со кечап од Витаминка за прилог. Ние посебно го обожаваме пикантно лутиот кечап, неодоливо уживање од светот на вкусовите!

Ви препорачуваме да прочитате: Сарма со месо на најлесен начин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: