5 најчести симптоми кои укажуваат на недостаток на селен

Селенот е многу важен минерал кој ја регулира работата на имунолошкиот систем, го регулира расположението и го намалува ризикот од настанување на разни видови на канцер и ревматоиден артритис. Има антиоксидантно дејство и го намалува штетното влијание на слободните радикали!

Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во организмот. Во комбинација со Витамин Е, Витамин Ц и бета каротен придонесува за намалување на нивото на лошиот холестерол. Претставува дел од антиоксидантните ензими кои ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Во текот на метаболизмот се создаваат слободни радикали кои можат да доведат до промени во клеточните мембрани, а селенотот учествува во апсорпцијата на овие слободни радикали со што ги спречува нивните дејствувања.

недостаток на селен

Во продолжение ви ги претставуваме најчестите симптоми кои укажуваат на недостаток на селен како и природните намирници со кои може да го зголемите внесот на овој минерал.

Ослабен имунитет

Доколку имате недостаток на селен, може да почувствувате пад на енергијата, а ќе станете поосетливи и на вируси и бактерии. Ако сте забележале дека во последно време сте почесто настинати и имате недостаток на енергија, без оглед на тоа колку и да сте спиеле, можно е да имате недостаток на селен.

Дисколорација на ноктите и зголемено опаѓање на косата

Недостатокот на селен се поврзува со губење на косата и влакната од целото тело. Може да забележите и дисколорација на кожата и ноктите кои ќе станат покршливи и поосетливи.

Хроничен замор

Недостатокот од селен може да предизвика хроничен замор кој не може да го ублажите ни со адекватна количина на сон. Хроничниот замор многу често е последица на недостаток на некои нутриенти во телото.

Намалена концентрација

Доколку имате проблеми со концентрацијата, намалено помнење или лошо расположение, можно е да имате недостаток од селен. Некои истражувања покажаа дека недостатокот на селен може да предизвика анксиозност и го зголемува ризикот од појава на депресија.

Хипотиреоидизам

Намалената работа на тироидната жлезда предизвикува хроничен замор, депресија и дебелеење. Доколку сте забележале некои од овие симптоми, посоветувајте се со вашиот доктор дали треба го зголемите внесот на селен преку исхрана или суплементи.

Некои истражувања покажаа дека хроничниот недостаток на селен го зголемува ризикот од појава на ментална ретардација, срцеви заболувања, астма, канцер и ревматоиден артритис.

Намирници богати со селен

Селенот може да се најде во различни намирници, а најбогати храни со селен се следните:

  • бразилски ореви
  • пилешко и мисиркино месо
  • говедско месо
  • јајца
  • овесни снегулки, јачмен и интегрален ориз
  • семки од сончоглед и сусам
  • брокула и спанаќ
  • туна, лосос и шкампи
  • леб од целозрнести житарици.

За кого се препорачуваат суплементи со селен?

Дополнителна количина на селен се препорачува кај вегетаријанци, спортисти, луѓе кои се на ниско калорични диети, кај намален имунитет, особи кои се изложени на зрачење, долготрајна употреба на статини (лекови кои го намалуваат холестеролот), таблети за контрацепција, лаксативи, консумирање на тутун и алкохол.

недостаток на селен

Препорачани дневни дози на селен се следните:

  • лица над 19 години – 55 микрограми
  • трудници – 60 микрограми
  • доилки – 70 микрограми.

Од суплементите со селен, кои се достапни на нашиот пазар можеме да препорачаме Selenium од Now Foods. Тој е во комбинација со Витамин Е, Витамин Ц и бета каротен, кои претставуваат моќни антиоксиданси и ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на Selenium, прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Совет плус: Доколку планирате да земате суплементи на база на селен, најпрво консултирајте се со вашиот доктор, бидејќи прекумерната количина на селен може да биде токсична.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Природниот астаксантин е 6000 пати помоќен од витаминот Ц.

*Комерцијален текст

Сподели: