6 симптоми кои укажуваат на паднат имунитет 1

Д-р Нела советува: 6 симптоми кои укажуваат на паднат имунитет

Превенцијата е најдобриот лек, затоа од клучна важност е да се препознаат симптомите кои укажуваат на паднат имунитет и на време да се реагира на неговото зајакнување!

Лицата со силен имунитет речиси без проблем се справуваат со основните предизвикувачи на болести. Додека пак, лицата кои имаат ослабен имунолошки систем имаат голем проблем да останат здрави и да се изборат со најразличните инфекции. Во консултација со Д-р Нела Деспотовска, споделуваме повеќе корисни информации и препораки на темата кои се во корист на здравјето и топло ви препорачуваме да ги прочитате.

6 симптоми кои укажуваат на паднат имунитет 2

Чести настинки и инфекции

Честите бактериски инфекции кои предизвикуваат воспаление на увото, градите, грлото, непцата или некои други органи, се јасен знак дека вашето тело не се бори со своите антитела против болестите. Слична е ситуацијата и со вирусните инфекции кои предизвикуваат појава на грип, херпес, воспалено грло и настинка. Бактериските инфекции најчесто мора да се третираат со антибиотици, за разлика од вирусните каде докторите препорачуваат само повеќе одмор и консумација на течности и чаеви. Најчесто со вирусните инфекции организмот се изборува сам. Во ситуации на опаднат имунитет на телото ќе му треба повеќе време за да се избори со нив, а многу често и не заздравува во целост. Така телото станува ранливо и склоно кон повторувачки инфекции.

Чувство на замор и исцрпеност

Иако заморот има повеќе предизвикувачи, меѓу кои се и недостатокот на сон и тешка физичка или психичка работа, сепак константниот замор без причина може да укажува на проблеми со имунитетот. Па, доколку забележите дека често се будите уморни иако не сте работеле некоја претерано тешка работа, ви влијаат метеоролошките промени, не може да ги извршувате работите кои порано сте ги работеле со леснотија, тоа значи дека ги имате основните симптоми кои укажуваат на паднат имунитет.

Честите алергии се показател за слаб имунитет

Алергените, исто како и вирусите, бактериите и габичните инфекции го напаѓаат организмот. Некои лица се почувствителни на нив, додека други помалку, а во секој случај имунитетот е тој кој е одговорен за борбата со нив. Затоа, во најголем број на случаи, алергиските реакции успешно се лечат или ублажуваат само со зајакнување на имунолошкиот систем.

Промени на кожата

Основни промени на паднат имунитет кои се манифестираат преку кожата најчесто се егзема, псоријаза, брадавици или кератоза. Како посебен облик на промена на кожата која се јавува при паднат имунитет е секако и вирусниот херпес. Затоа, доколку без некои причини ви се појават некои од овие промени, консултирајте се со вашиот доктор за да направите проверка на имунитетот.

Покачена телесна температура која долго не се намалува

Кога сте болни, високата температура всушност е добар знак, бидејќи организмот со силен имунитет реагира и се справува со вирусните и бактериските инфекции. Сигурно многу пати сте слушале дека не треба веднаш да посегнете по лекови кои ја намалуваат температурата, туку до одреден степен да го оставите телото само да се бори против инфекциите. Немањето температура кога е присутна одредена инфекција всушност е знак на заслабен имунитет. Сепак, важно е да се напомене дека температурата не е секогаш посакувана и не треба да трае подолго од два до три дена. Уште еден од показателите дека вашиот имунитет е слаб е и долготрајната покачена телесна температура која трае со денови, па дури и месеци.

Промени на јазикот и усната празнина

Симптомите на лошото здравје многу често може да се појават и во усната празнина и на јазикот. Повеќето луѓе овие симптоми не ги поврзуваат со паднат имунитет, но многу често тие се еден од основните знаци. Промените најчесто се манифестираат во вид на афти или во вид на бели наслаги на јазикот кои најчесто укажуваат на зголемено присуство на кандида во организмот.

Наши препораки за справување со паднат имунитет

Бета глуканот е природен имуностимулатор

Од нашето искуство можеме да кажеме дека бета глуканот многу помага за зајакнување на имунитетот, како и скратување на времето на заздравување. Глуканите се видови на сложени шеќери односно полисахариди, чие природно место се наоѓа во клеточните ѕидови на некои бактерии, габи и квасци, билки (овес и јачмен), алги, лишаи. На нашите простори, благодарејќи на навиките за исхрана, тешко може да се внесе во телото како храна, поради што единствен начин да го снабдите организмот со ова моќно имуно средство е да го внесете преку суплемент. Во телото бета глуканот го промовира формирањето на коскената срцевина, а со тоа и производство на леукоцити и тромбоцити. Активира макрофаги – клетки кои ја стимулираат имунолошката активност.

Кога станува збор за суплементи, секогаш изберајте ги од проверен производител. Токму тоа е причината што ви го препорачуваме бета глуканот на NOW®. Beta-1,3/1,6-D-Glucan е биоактивен јаглехидрат добиен од клетoчниот ѕид на Saccharomyces cerevisiae, познат како квасец. Научните студии покажуваат дека бета глуканот добиен од квасец може да влијае на одредени имунолошки клетки, вклучително и оние присутни во лимфоидот поврзан со цревните ткива (GALT). GALT постои во дигестивниот тракт и е познато дека игра клучна улога во функцијата на здрав имунолошки систем. NOW® бета-глуканот се меша со маитаке печурки за дополнителна поддршка.

Повеќе информации за Beta-1,3/1,6-D-Glucan прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може да го нарачате. Исто, овој додаток во исхраната може да го набавите во поголемите аптеки ширум земјата. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

6 симптоми кои укажуваат на паднат имунитет 3

Биоастин – еден од најсилните природни антиоксиданти

Природниот астаксантин BioAstin е додаток во исхраната со моќни антиоксидантни придобивки. Овој екстремно моќен каротеноид нуди супериорна заштита и помага да се нормализира одговорот на имуниот систем на воспалението. Истражувањата кои се објавени во The Journal of Nutrition and Metabolism покажуваат дека овој моќен антиоксиданс може да го намали оксидативниот стрес, воспалението и да го зајакне имуниот систем. Согласно со некои студии, кога станува збор за елиминацијата на слободните радикали, астаксантинот може да биде:

  • 550 пати посилен од витаминот Е
  • 800 пати помоќен во споредба од CoQ10
  • 6000 пати помоќен од витаминот Ц.

За астаксантинот е утврдено дека 500 пати е помоќен во споредба до катехините кои ги содржи зелениот чај. Ако често заболувате и имате паднат имунитет, консумирајте BioAstin. Може да го набавите од поголемите аптеки ширум земјата или преку веб продавницата на Тримекс со бесплатна достава. Повеќе за придобивките прочитајте од текстот: Д-р Нела советува: Природниот астаксантин е 6000 пати помоќен од витаминот Ц.

Ви препорачуваме да прочитате: 10 природни начини за подобар имунитет.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: