6 насоки што да пиете за подобри резултати од вежбањето 1

6 насоки за што да пиете за подобри резултати од вежбањето

Секогаш има нешто повеќе што може да направиме за себе! Освен трудот кој го вложуваме физички, важно е да знаеме што да јадеме, но и што да пиеме. Иако водата е во секоја смисла најдобриот пијалак кој треба да се пие во текот на самото вежбање, ние ви припремивме уште неколку предлози кои ќе ви донесат подобри резултати од вежбањето.

Проверете во нашата листа дали ги внесувате сите корисни нешта кои ќе ви донесат уште многу други придобивки.

6 насоки што да пиете за подобри резултати од вежбањето 2

Пијте сок од домати

Доматот е многу богат со антиоксидансот ликопен кој е познат како силен борец против слободните радикали, но и како заштитник на срцето. Сокот од домати помага за мускулите да се опорават што побрзо и да се ублажат болките во нив.

Ви препорачуваме да прочитате: Што да јадете пред вежбање?

Сокот од лубеница ќе ви помогне по напорен тренинг

Oвој напиток ќе му помогне на мускулите да се опорават што побрзо од напорните вежби и отчукувањата на срцето да се вратат во нормала. Лубеницата е доста богата со аминокиселини кои се од големо значење за општото здравје на организмот. Oвој сок лесно можете да го направите сами во блендер или соковник и да го испиете, а во краен случај и да изедете парче лубеница кое исто така е полно со сок.

Сокот од вишни е идеален по вежбање

Има слично дејство како сокот од лубеница, па затоа слободно пијте го после вежбање. Една чаша е доволна, а препорачуваме доколку не сте во можност да си направите сами да барате сок кој не содржи додаден шеќер.

Пијте млеко доколку имате интензивни тренинзи

Млекото го хидрира организмот на ист начин како и водата, а покрај тоа ни дава и протеини кои се неопходни за телото побрзо да се опорави од напорот. Млекото посебно се препорачува после интензивни тренинзи за издржливост како што е “crossfit”, табата вежбање и слично.

L-Carnitine како додаток во исхраната

Како додаток во исхраната земете 1 капсула, 1-3 пати дневно, со или без храна. L-Carnitine е неесенцијална амино киселина која помага да се одржи целокупно добро здравје помагајќи го преносот на групите масни киселини во митохондријалните мембрани за производство на енергија во клетките. Тој природно се наоѓа во црвеното месо и другите животински извори на храна, но може да се земе како додаток во исхраната за да се постигнат оптимални нивоа на оваа извонредна амино киселина. Ние го препорачуваме NOW® L-Carnitine, кој претставува најчиста форма, клинички тестирана и вегетеријанска (не е од животинско потекло). Дополнителни карактеристики за него се:

  • обезбедува фитнес поддршка
  • претставува најчиста и клинички тестирана форма
  • ги транспортира масните киселини
  • ја зголемува клеточната енергија
  • вегетеријански/веган производ.

Ако сакате да го набавите, искористете го фантастичниот попуст од 50% и посетете ја онлајн продавницата на Тримекс или побарајте го во поголемите аптеки.

Не заборавајте да пиете вода за време на тренингот

За крај, не смееме да ја заобиколиме водата! За да останете доволно хидрирани треба да се пие вода за време на целиот тренинг. Во водата можете да додадете неколку листови свежо нане кое има позитивен ефект врз крвниот притисок и го подобрува дишењето за време на напорот.

*Комерцијален текст

Ви препорачуваме да прочитате: 3 совети за брзо опоравување после напорно вежбање.

Сподели: