За моќниот шафран сигурно веќе сте слушнале, тој ги има едни од најубавите цветови, но е и еден од најскапите зачини кои може да се најдат на пазарот. Токму и тоа е причината зошто се користи во многу мали количини.
Шафранот може да се бери само рачно, а за да се соберат околу 450 грама зачин, потребно е да се наберат околу 75000 цветови и затоа воопшто не е ни чудно што овој зачин е скап како злато. Наспроти цената и тоа што е многу тежок за одгледување, шафранот е многу лековито растение и со векови се користи како во кујната така и во народната медицина кај многу нации ширум светот. Во продолжение дознајте за што е корисен шафранот како зачин.
Шафранот помага за слабеење
Во една студија спроведена во Франција откриено е дека шафранот го поттикнува губењето на вишокот на килограми на тој начин што помага во контролата на количината на храна која се јаде. За време на истражувањето, жените кои 8 недели редовно користеле шафран јаделе многу помалку од оние кои не го користеле.
Претставува моќен афродизијак
Шафранот бил предмет на истражување и во многу студии во кои се испитувала неговата афродизијачка способност. Се докажало дека тој има многу поголеми афродизијачки својства од чоколадото и виното.
Шафранот има антидепресивно својство
Многу клинички испитувања покажале дека шафранот има благи антидепресивни својства. Во една студија спроведена пред 9 години објавено е дека цветовите на шафран имаат исто дејство како и Прозак, еден од најчесто користените лекови против депресија на светско ниво.
Претставува одлично средство против менструални болки
Шафранот традиционално се користи за лечење на различни проблеми поврзани со менструалниот циклус. И тоа помага за лечење од менструални болки, па се до одредени пореметувања. Одличен е за ублажување на ПМС симптомите, а и докажано го подобрува расположението, ја ублажува желбата за слатка храна како и осетливоста на градите.
Помага против Алцхајмерова болест
Докажано е дека шафранот може да помогне за лечење на Алцхајмеровата болест, доколку се зема како додаток на стандардната терапија. За време на 2 истражувања пациентите земале по 2 капсули со шафран од 15 мг на ден. Кај овие пациенти е забележан голем напредок во когнитивните функции, а што е многу поважно не се забележале несакани ефекти како мачнини и повраќање.
Го подобрува здравјето на срцето
Овој зачин е одличен за превенција од срцев удар и многу други кардиоваскуларни заболувања. За време на едно истражување спроведено во Кина, откриено е дека со третман на одредени состојки кои се наоѓаат во шафранот, драстично се намалило нивото на штетни масти во крвта како триглицериди и холестерол кај испитаниците.
Моќен борец против канцерогени заболувања
Научно е докажано дека шафранот поседува антиканцерогени својства. Имено, тоа се должи на неговата способност да се бори против слободните радикали. Докажано е дека потенцијално може да се користи во исхраната покрај стандардната терапија за лечење на канцер на простата, панкреас, дојка, кожа и бели дробови.
Го користите ли шафранот во исхраната? Кој е вашиот омилен рецепт со него?
Ви препорачуваме да прочитате: Шафранот како природен лек против депресија.