Покачен пролактин

7 препораки за намалување на покачен пролактин – совети од Д-р Нела Деспотовска

Неплодност, дебелина, зголемен ризик од карцином на дојката – се само дел од можните ризици кои се јавуваат при покачен пролактин во крвта. Како да се намали покачениот пролактин? Кои причини доведуваат до дисбаланс на пролактинот? – Одговор на овие прашања ни даде Д-р Нела Деспотовска која сподели и 7 препораки кои сигурно ќе ви бидат од корист.  

Пролактинот е хормон кој го лачи хипофизата. Тој е есенцијален за нормална лактација, сексуална функција и раст на коските. Ако имаш покачено ниво на пролактин, тоа укажува на хормонски дисбаланс, а често се јавува кај жените со полицистични јајници. Пролактинот може да биде покачен и кај мажите и кај жените.

Најчестите причини кои доведуваат до зголемување на пролактинот се:

  • Стрес
  • Депресија
  • Анксиозност
  • Пролактином.

7 препораки кои ќе ви помогнат да го намалите нивото на пролактин

Избегнувајте глутен

Нивото на пролактин може да се намали со елиминирање на намирниците кои содржат глутен. Пченицата, јачменот и ржот содржат висока концентрација на глутен, а тоа може да предизвика инфламаторен одговор на телото. Ова може да доведе до зголемување на пролактинот и нарушување на лачењето на допамин. 

Избегнувајте алкохол

Пиењето алкохол може да го зголеми нивото на пролактин во телото, како резултат на промените на нивото на допамин. 

Користете суплементи – витамин Е и витамин Б6

Докторите често препишуваат терапија со витамин Е и витамин Б6 за да се намали нивото на пролактин. Витаминот Б6 е неопходен за производството на допамин – хормон кој го регулира излачувањето на пролактин. Витаминот Е природно го намалува нивото на пролактин во крвта. 

Препорака за витамин Е – Sun-E

Кога станува збор за додаток со витамин Е, го препорачуваме NOW® Sun-E ™ 400. Овој витамин не содржи соја, и е добиен од без ГМО масло од семе од сончоглед. Витаминот Е е главен антиоксидант растворлив во масти, кој е особено важен за одржување на здравјето на клетките преку неутрализирање на слободните радикали формирани преку нормалните метаболички процеси, како и преку изложување на околината.

Може да го набавите преку веб страницата на vitamini.mk или од поголемите аптеки низ земјата. 

P-5-P e најдобра активна форма на витаминот Б6

P-5-P  (пиридоксал-5-фосфат) претставува супериорна активна форма на витамин Б6 (пиридоксин), чија конверзија настанува во црниот дроб. Лесно се апсорбира од телото и почнува да делува речиси веднаш штом ќе се внесе. Постојат неколку форми на витамин Б6 кои се сметаат за пиридоксин-витамери, но само P-5-P има активна коензимска улога. Го контролира метаболизмот на амино киселините, помага во производството на невротрансмитери и е кофактор за повеќе од 150 ензими во нашето тело.

Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на гореспоменатите витамини, прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може и да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk. Додатоците во исхраната се достапни и во поголемите аптеки низ земјата.

Намалете го стресот

За намалување на стресот може да ви помогнат витаминот Б6 и ашвагандата.

Прочитај повеќе: Д-р Нела Деспотовска советува: Ашваганда за смирен ум ослободен од стрес и анксиозност.

Одржувајте балансирано ниво на шеќер во крвта

Балансираниот шеќер во крвта помага за намалување на пролактинот. Избегнувајте пијалаци и храна богата со шеќер, како и преработени намирници. Во исхраната вклучете:

  • Брокула
  • Тиква и семки од тиква
  • Морска храна
  • Бамја
  • Путер од кикирики
  • Грав
  • Леќа
  • Бобинкасти овошја
  • Кељ
  • Ленено семе.

Избегнувајте тренинзи со висок интензитет

Носете комфорна облека

Избегнувајте да носите тесни алишта, особено ако имате високо покачен пролактин.   

Може да те интересира: Најдобрите начини и суплементи за контрола на стресот.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk

Сподели: