ореви

7 причини да јадете ореви секој ден

Освен што се вкусни, тие се навистина многу здрави. Постојат голем број причини за да ги јадете секојдневно, а ние ви издвоивме 7 причини зошто да јадете ореви секој ден.

Карактеристично за оревите е тоа што тие се јаткасто овошје кое е калорично и богато со масти, но она што е важно е дека тие масти се здрави незаситени масни киселини: линолна, олеинска и алфа линоленска, а богати се со витамини и минерали кои помагаат организмот да остане здрав.

Листата на нутритивни состојки кои ги содржат оревите е долга. Состојките во нивниот состав, како што се калиум, магнезиум, фосфор, железо, калциум, цинк, витамините; Б9, Б6, Е и витамин А е она што ги сместува помеѓу најздравите намирници на светот.

ореви

Токму заради тоа, ви припремивме и листа на причини заради кои е препорачливо да ги консумирате секојдневно.

  1. Оревите се полни со антиоксиданси – истражувањата покажале дека имаат најмногу антиоксиданси од сите јаткасти плодови, како што се ф’стаците, кикирите, бадемите и лешниците.
  2. Оревите ја подобруваат меморијата – оревите се сметаат за единствени јаткасти плодови кои помагаат за добро помнење.
  3. Оревите го намалуваат холестеролот – секојдневно консумирање на околу 50 грама ореви помага во намалување на лошиот холестерол за 7,4%, односно 5,1% од вкупниот холестерол.
  4. Оревите помагаат превентивно против рак на дојка – научниците го објаснуваат ова дејство од позитивното влијание на омега 3 масните киселини, антиоксиданси и фитостероли, за кои уште од порано е докажано дека ги намалуваат шансите за појава на карцином.
  5. Оревите ги штитат крвните садови – се препорачува оревите да се консумираат на крајот од оброкот, бидејќи се смета дека на тој начин помагаат и го ублажуваат негативниот ефект од масната храна.
  6. Оревите помагаат полесно да заспиете и подобро да спиете – содржат мелатонин, а тој е хормон кој помага за воспоставување и урамнотежување на навиката за спиење и ментален мир.
  7. Оревите ја подобруваат потенцијата на мажите и ги зголемуваат можностите за татковство – иако не е докажано, се претпоставува дека консумирањето на 75 грама ореви дневно и тоа во период од 3 месеци го подобрува квалитетот на спермата, вкупниот број на сперматозоиди и брзината на нивното движење.

Сподели: