Бубрезите се парен орган и како и сите останати органи во телото, извршуваат повеќе функции од витално значење. Секој ден, тие процесираат околу 189 литри крв, го ослободуваат вишокот на вода и отпадни материи. Ги отстрануваат токсините и одржуваат нормална работа на телото. Поради тоа, важно е правилно да се грижиме за нив. А, најдобар начин за одржување на нивното здравје е преку редовна детоксикација на бубрезите.
Доколку бубрезите не се во можност да ги исфрлат штетните материи во телото, тие ќе се наталожат и ќе ја нарушат нивната функција, а исто така и работата на црниот дроб и други органи. Тоа може да биде причина за предизвикување на болки во стомакот, главоболки, задржување на вода, песок и камења во бубрезите. Исто како и детоксикацијата на црниот дроб, така и детоксикацијата на бубрезите е важна ако се борите со корона вирусот или сте го прележале. Малите нешта прават големи промени, па топло препорачуваме да прочитате неколку совети кои се резултат и ги издвоивме од нашето истражување, како може да му помогнете на телото да зајакне побрзо и полесно.

Причини за настанување на камења во бубрезите и симптоми
Постојат повеќе причини кои доведуваат до формирање на камења во бубрезите. Таков фактор е дехидратација, потоа инфекции на уринарниот тракт, наталожување на токсини во бубрезите итн. Симптомите вклучуваат болки во долниот дел на грбот, абдоменална и болка во уринарниот тракт. Болките може да бидат остри, тапи или неиздржливи. Може да се јави и повраќање, гадење и зачестено мокрење. Доколку забележите некој од симптомите, најдобро е да посетите уролог. Камењата во бубрезите се лесно излечиви доколку се забележат во што порана фаза.
Зошто треба да ги чистите бубрезите?
Има многу причини зошто да направите детоксикација на бубрезите. Како на пример, чистењето на бубрезите ја подобрува нивната функција и ја намалува надуеноста. Исто така, оваа детоксикација помага за организмот подобро да ги искористува корисните хранливи материи од храната. Ослободувањето од штетните материи и вишокот вода во телото превенира појава на инфекции и проблеми со мочниот меур.
Еве кои намирници помагаат за заштита и одржување на здравјето – детоксикација на бубрезите:
Јаболкова киселина
Јаболковата киселина е ефикасна во заштита на бубрезите од оксидативен стрес. Го зголемува нивото на антиоксиданси во телото, го регулира нивото на шеќер во крвта и го намалува високиот крвен притисок. На тој начин создава оптимални услови за добро здравје на бубрезите. Јаболковата киселина содржи цитрусна киселина која има способност да ги раствора камчињата кои ги има во бубрезите. Помага и во исфрлање на токсините од бубрезите, што е одлично.
Црвен грав
Црвениот грав ги исфрла штетните материи и камчињата од бубрезите. Богат е со витамините од Б комплексот, растителни влакна и минерали. Помага во чистење на бубрезите и ја забрзува функцијата на уринарниот тракт.
Сок од лимон
Лимоновиот сок го зголемува нивото на цитрати во урината и така спречува формирање на камења. Сокот од лимон, исто така ја филтрира крвта и помага во ослободување од насобраните токсини и штетни материи. Секојдневниот внес на разреден сок од лимон го намалува ризикот од создавање на оксалати и ги раствора веќе формираните кристали. За лицата со камен во бубрегот, комбинацијата на лимонов сок со маслиново масло обезбедува непречено поминување на камчињата низ уринарниот тракт и нивно исфрлање.
Лубеница
Лубеницата е диуретик кој ги хидрира и чисти бубрезите. Содржи ликопен важен за кардиоваскуларното здравје и правилна функција на бубрезите. Лубеницата е богат извор на калиумови соли кои ја регулираат киселоста на урината и спречуваат создавање на оксалати. Консумирањето на лубеница е добро за целокупното здравје.
Калинка
И сокот, и семките од калинката содржат голема количина на калиум што ги прави ефективни во отстранувањето на камењата од бубрезите. Калиумот ја намалува киселоста на урината, спречува формирање на камчиња, ја намалува кристализацијата на минералите и помага во исфрлање на токсините.
Босилек
Босилекот е ефективен природен диуретик кој го зголемува степенот на уринирање и така го чисти целиот уринарен систем. Ја подобрува функцијата на бубрезите и нивната детоксикација. Босилекот го намалува нивото на мочна киселина во крвта и го одржува зравјето на бубрезите. Состојките во него, како што се есенцијалните масла и оцетната киселина, ги кршат камчињата и обезбедуваат лесно исфрлање на истите. Исто така, ги намалува и болките во бубрезите.
Урми
Урмите се корисни во растворање и исфрлање на камчињата од бубрезите. Богати се со растителни влакна кои го намалуваат ризикот од заболувања на бубрезите, а богати се и со магнезиум. Магнезиумот е важен минерал за детоксикација на бубрезите. Натопете ги во вода за време од 24 часа, а потоа извадете ги семките и консумирајте ги.
Чај од глуварче, сок од брусница и цвекло
Чајот од глуварче помага во чистење на бубрезите. Претставува тоник, а исто така и го стимулира производството на жолчка која помага при варење на храната и намалување на отпадот кој оди во бубрезите.
Уште еден ефикасен начин на чистење на бубрезите е консумирање на сок од брусница. Сокот од брусница го поддржува здравјето на уринарниот систем, се бори против инфекции и го отстранува вишокот на калциум оксалат.
Цвеклото и сокот од цвекло содржат бетаин кој ја зголемува киселоста на урината и спречува таложење на калциум фосфати. Други ефикасни намирници за детоксикација на бубрезите се кокосова вода, сок од краставици и цреши.
Знаете ли дека има додатоци во исхраната кои и тоа како може да помогнат? – Еве кои ги издвојуваме како препорака за вас:
- Magnesium Citrate. Бидејќи цитратите го спречуваат создавањето на камења во бубрезите, го препорачуваме Magnesium Citrate. Освен тоа, магнезиумот е минерал од клучно значење за производство на енергија и метаболизмот, мускулната контракција, преносот на нервните импулси и минерализацијата на коските. Magnesium Citrate придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста, електролитна ранотежа, синтеза на протеини и друго. Производ е наменет за вегани и вегетаријанци и не содржи ГМО.
- N-Acetyl Cysteine (NAC). NAC е стабилна форма на неесенцијалната амино киселина цистеин. Делува како стабилизатор за формирање на протеинските структури, а исто така е неопходна и за формирање на глутатион. Молибден и селен се основни минерали во трагови присутни во овој производ кои го олеснуваат производството на неколку важни ензими.
- Hawaiian Spirulina. Hawaiian Spirulina содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки. Тие се во својата изворна форма, без додатоци. Идеална е за сите оние кои сакаат целосен прехранбен додаток наместо вештачки извори на храна. Претставува најдобар извор на биолошко железо, содржи витамин Е, омега 3 масни киселини, витамини од Б комплексот, калциум и други хранчово материи кои се со дури 96% искористливост во организмот. Достапна е во пакување од 100, 200 и 400 таблети од 500 mg и 142 g прав. Консумирањето Hawaiian Spirulina се препорачува за сите возрасти.
- Choline & Inositol. Choline & Inositol е производ кој во својот состав содржи холин и инозитол. Choline & Inositol се препорачува поради тоа што го поддржува метаболизмот на масните киселини и трансмисијата на нервите.

Гореспоментите производи може да ги нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс, доставата е бесплатна. Ги има и во поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Ви препорачуваме да прочитате: 7 намирници за пролетна детоксикација и слабеење.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.