7 намирници за пролетна детоксикација и слабеење

7 намирници за пролетна детоксикација и слабеење

Штом зачекориме во првите пролетни денови, обично веднаш почнуваме да размислуваме и за вишокот килограми кои сме ги добиле во текот на зимата. Во зимскиот период овие дополнителни килограми е лесно да се прикријат со помош на слоевитото облекување, но во потоплите денови вистината излегува на виделина. За да ги пречекате пролетните денови во топ форма, ви ја препорачуваме да ги следите насоките за пролетна детоксикација и слабеење со неколку намирници.

Таложењето на килограми преку зима воопшто не е чудна или ретка појава. Повеќето луѓе се опуштаат, бидејќи во овој период се носи поширока и подебела облека, а и како резултат на бројните празници кога се јаде пообилно и покалорично. Пролетта само што нѐ ни пристигнала, па време е да се погрижиме за вишокот килограми, а ние секако имаме многу корисни совети за вас во таа насока. Прочитајте кои намирници може да ви помогнат и се препорачуваат често да бидат во вашата чинија. Со нив, слабеењето ќе стане полесно, а организмот ќе биде обезбеден со богати извори на протеини и соодветни дози на витамини и минерали кои го чуваат здравјето преку обезбедување на оптимален калориски внес.

Јаболка

Јаболката изобилуваат со растителни влакна, а особено е значајна содржината на пектин. Како резултат на тоа го забрзуваат метаболизмот, го подобруваат варењето на храната и помагаат за намалување на килограмите.

Ананас – бромелаин

Сигурно имате слушнато или прочитано за диети со ананас, во кои се препорачува тој да се јаде со секој оброк. Ананасот го забрзува метаболизмот и за кратко време може да ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми. Сето тоа е благодарение на бромелаинот.

Влијанието на бромелаинот за намалување на вишокот на килограми и масните клетки се дел од голем број на истражувања. Научниците веруваат дека бромелаинот може да помогне за намалување на вишокот на килограми благодарение на анти-воспалителните својства, способноста за намалување на болката и неговата можност за подобрување на физичката способност и дигестија.

Една студија од 2017 година, објавена во PLOS One, го проучувала бромелаинот како дел од алтернативната медицина за намалување на дебелината. Оваа и други студии потврдиле дека бромелаинот помага во намалување на адипоцитната масна киселина – врзувачки протеин, синтеза на масни киселини и липопротеинска липаза. Исто така може да ја инхибира адипогенезата (клеточна диференцијација која може да придонесе за формирање на масни клетки) и да ја намали акумулацијата на триглицеридите.

бромелаин

Ако сакате да дознаете повеќе детали за Bromelain или да нарачате до дома, препорачуваме да ја посетите онлајн продавницата на Trimeks, да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 или слободно пишете ни се на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска за најдобар совет за вашата потреба и ќе ви одговориме.

Повеќе за бромелаинот и неговите придобивки прочитајте од текстот: Бромелаин – моќен помошник на варењето на храната и сојузник против алергии.

Грејпфрут

Нискокалоричен и со висока содржина на растителни влакна, грејпфрутот може да го стимулира метаболизмот во текот на цел ден. Исто така, заштитува од болести и го подобрува имуниот систем, па не го пропуштајте!

Риба

Рибата е добар извор на квалитетни протеини и здрави масти. Посебно ако изберете морска риба ќе го обезбедите организмот со омега 3 масни киселини. Потрудете се барем 3 пати во текот на неделата да вклучите риба на менито.

Повеќе на оваа тема прочитајте од текстот: Зошто Omega-3 се нарекуваат масти кои живот значат?

Јајца

Јајцата се одлична храна која освен со протеини, го снабдува организмот со цинк и железо. Често се препорачуваат во различни диети за слабеење, како и во исхраната на физички активните лица.

Мисиркино месо

Месото од мисирка овозможува подолго време да се чувствувате сити и да не се прејадувате. Благодарение на протеините кои ги содржи, консумацијата на мисиркино месо помага за полесно формирање на мускулите. На кратко, мисиркиното месо е добар избор кој треба често да биде на менито!

Овес

Овесот е една од намирниците која го одржува нормално нивото на шеќер во крвта, го забрзува метаболизмот и придонесува за намалување на лошиот холестерол.

Се надеваме дека ве мотивиравме да го подобрите начиниот на живот и да преземете мерки за намалување на вишокот на килограми. Живејте здраво, живејте сега!

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: 5 лесни совети за детоксикација по празниците.

*Спонзориран текст

Сподели: