што треба да знаете за бромелаинот

Бромелаин – моќен помошник на варењето на храната и сојузник против алергии

Сочен, вкусен, ароматичен, но и многу здрав! Ова е мала дефиниција за ананасот, за кој малку се знае за здравствените придобивките кои ги нуди. Благодарение на моќните ензими кои ги содржи, како што е ензимот бромелаин, овој сочен плод, освен храна, може да се нарече и природен лек. Доколку се соочувате со дигестивни проблеми, автоимуни заболувања, артритис или едноставно сакате да се храните здраво, вие сте на вистинското место. Прочитајте повеќе за моќниот ензим бромелаин и вклучете го во исхраната!

Како резултат на неговите полезни својства, ананасот се употребувал со векови во хавајската народна медицина. А, во продолжение дознајте нешто повеќе за бромелинот, неговите извори, придобивки и употреба.

бромелаин

Што е бромелаин и за што е корисен?

Ананасот содржи биоактивен ензим познат како бромелаин. Овој ензим широко се употребува во медицината за лекување на многу болести и тоа од проблеми со варењето на храната, па сѐ до алергии.

Традиционално се користел како моќен антинфламаторен агенс, а позитивни ефекти има при превенција на отоци, едеми и тромбови. Во минатото, се користел и како природно средство за смирување и релаксирање на напнатите мускули и сврзното ткиво. Дополнително, неколку неодамнешни студии покажаа дека овој ензим може да го запри метастазирањето на карциномот на белите дробови. Научната литература изобилува со статии кои ги проценуваат медицинските придобивки од бромелаинот. Тие укажуваат на тоа дека овој ензим може да се користи за подобрување на состојбата кај лица кои страдаат од:

  • повреди на сврзното ткиво
  • алергии
  • артритис, болки во зглобовите, остеоартритис
  • дигестивни проблеми како киселини или дијареја
  • кардиоваскуларни нарушувања
  • автоимуни болести
  • канцер
  • воспалителни болести на цревата
  • бронхитис и синузитис
  • хируршки трауми и бавно заздравување на рани или изгореници на кожа
  • лоша апсорпција на лекови, особено антибиотици и намалување на несакани ефекти од лекови
  • помага во намалувањето на непосакувана телесна тежина.

Докажано e делотворeн при појава на респираторни проблеми, ублажување на хроничен бронхит, алергии кои ги напаѓаат дишните патишта и воспаление на синусите. Бромелаинот ја намалува густината на слузта, го подобрува дишењето и ја намалува кашлицата.

На кои начини може да го внесете бромелаинот во организмот?

Јадете свеж ананас

Секако, најлесен начин да го внесете овој моќен ензим е да јадете свеж ананас. Но, треба да се спомене дека најголема концентрација на овој ензим има во јадрото на сочен и зрел ананас.

Освежете се со сок од ананас

Консумирањето на свеж сок од јадро на ананас или негово додавање во смути заедно со некој зеленчук како краставица е одличен начин да се внесе бромелаинот. Овој сок е одличен против воспалителни болести како улцеративен колитис, запек и други инфламаторни заболувања на цревата. Притоа, најдобро е да пиете свежо цеден сок од ананас, а доколку купувате изберете сок од ананас кој не содржи додаден шеќер.

Изберете квалитетни природни суплементи и додатоци во исхраната на база на бромемелаин

Сепак, бидејќи никој не може да јаде ананас секој ден во доволна количина за да ги задоволи дневните потреби за бромелаин, најдобар извор на овој ензим се суплементите. Во консултација со Д-р Нела, можеме да ви препорачаме да си набавите Bromelain од Now Foods, кој има ознака за GMP квалитет и е дел од спектрумот на производи на Now Foods, бренд кој се залага за природни суплементи со врвен квалитет и ефект врз здравјето. Доколку овој ензим го консумирате со цел да го подобрите варењето, најдобро е да го земете со оброците, додека за сите останати здравствени состојби тој треба да се консумира на празен стомак.

А од Тримекс имаат изненадување за вас. Сега имате супер можност за да набавите Bromelain со 50% попуст, само доколку го порачате преку онлајн продавницата на Trimeks.

бромелаин

Ако сакате да дознаете повеќе детали за Bromelain или да нарачате до дома, препорачуваме да ја посетите онлајн продавницата на Trimeks, да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 или слободно пишете ни се на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела за најдобар совет за вашата потреба и ќе ви одговориме.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 природни начини да го подобрите варењето на храната.

*Комерцијален текст

Сподели: