Отстранувањето на преработената храна од телото, која сме ја изеле додека сме се сладеле за време на оброците, е една од клучните потреби за добро здравје. Само неколку мали и едноставни измени во менито може да ви помогнат да ја доведете во ред работата на цревата и да го помогнете варењето на храната.
Затоа, ако имате проблеми со стомакот и со мрзливи црева, еве неколку совети кои може да ви помогнат во надминување на сите нив.

Пијте повеќе „добри“ течности
Не ја заборавајте водата! Консумирањето на доволни количини вода е еден од најлесните и најефикасните начини за да можат желудникот и цревата да работат добро. Освен вода, секогаш кога имате можност да бирате, вашиот избор нека биде лимонада без шеќер, свежо цеден сок од цитрусни овошја… Ваквите течности го зајакнуваат целосно вашиот организам и му годат на стомакот.
Препорачливо е да внимавате на количината и да внесувате умерено намирници кои содржат и адитиви и емулгатори, со што го оптеретуваат и дујат стомакот. Тука можеме да ги спомнеме алкохолот, кафето, вештачките шеќери, газираните пијалаци, тешките зачинети јадења итн.
Со ручекот и вечерата редовно сервирајте си салата
Потрудете се да јадете свежа салата за ручек и вечера. Изберете зелка, краставици, моркови, цвекло, брокула, карфиол, спанаќ, ротквици, марулки, пиперки… Свежиот зеленчук ќе ви даде енергија и ќе го обезбеди организмот со природни витамини.
Јадете бавно и добро џвакајте ја храната
Има повеќе причини поради кои јадењето на брзина влијае лошо на варењето на храната. Така, ако не издвоите доволно време за оброк, да седнете убаво да јадете и да се фокусирате на храната, тоа може да се одрази на системот кој го контролира апетитот. По дваесет минути џвакање на храната, тенкото црево почнува да лачи хормони кои му сигнализираат на мозокот дека желудникот е полн. Со други зборови, за да почувствуваме дека сме сити потребно е време и затоа е неопходно да јадеме бавно.
Јадете намирници кои го олеснуваат варењето на храната
За да се олесни работата на цревата треба редовно со исхраната да се консумираат растителни влакна. Притоа, редовното консумирање на некои вообичаени намирници може значително да помогне во намалувањето на проблемите поврзани со варењето на храната и перисталтиката на цревата. Токму затоа, добро е да јадете повеќе:
- ферментиран зеленчук , затоа што изобилува со разновидни бактериски култури кои го олеснуваат варењето на храната и го зајакнуваат општиот имунитет на организмот.
- екстра девствено маслиновото масло и ладно цедено сончогледово масло, бидејќи го поттикнуваат лачењето на желудочните киселини.
- ѓумбир, бидејќи помага за ублажување на мачнините во стомакот и надуеноста.
- кефир и други киселомлечни производи, ја обновуваат цревната флора и значително ја подобруваат работата на цревата, но и на имунитетот.
Повремено земајте Bromelain – природен ензим кој го стимулира варењето на храната
Како што спомнавме погоре, бромелаинот е природен дигестивен ензим кој освен што го подобрува варењето на храната, делува антивоспалително во организмот и го забрзува оздравувањето после операции.
А бидејќи пред да земеме нешто, важно ни е мислењето на соодветно упатено медицинско лице, во оваа прилика, се заблагодаруваме на Д-р Нела за несебично споделените корисни информации за својствата и корисното влијание на бромелаинот во организмот. Ова се основните неопходни информации, а во иднина штом истражиме повеќе, ќе споделиме и нови детални информации за него.
Па, на кратко, еве што дознавме од Д-р Нела за бромелаинот во врска со варењето на храната:
„Бромелаинот е еден од најпознатите биоактивни ензими и е предмет на постојани истражувања низ целиот свет. Претставува протеолитички ензимски комплекс кој се добива од плодот, а во поголеми концентрации од кората на ананасот (Ananas comosus). Ваквата негова функција го прави одличен разградувач на протеините во дигестивниот систем, со што директно придонесува во забрзување и подобрување на варењето на храната, како и ја подобрува апсорпцијата и метаболизмот на хранливи материи.“
Ако се прашувате кој е најдобриот извор на бромелаин, во консултација со Д-р Нела, можеме да ви препорачаме да си набавите Bromelain од Now Foods, кој има ознака за GMP квалитет и е дел од спректрумот на производи на Now Foods, бренд кој се залага за природни сумпленти со врвен квалитет и ефект врз здравјето.
Доколку сакате да дознате повеќе детали или да нарачате до дома, препорачуваме да ја посетите онлајн продавницата на Trimeks, да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 или слободно пишете ни се на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела за најдобар совет за вашата потреба и ќе ви одговориме.
Ви препорачуваме да прочитате: Земајте доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје.