Витамините од групата Б се познати дека помагаат за намалување на стресот, го чуваат здравјето на нервите и се многу значајни за правилен метаболизам. Досега сме пишувале за витамините Б3, Б6, Б7, Б9 и Б12, а сега ќе ве запознаеме со витаминот Б1. Витаминот Б1, кој е познат како тиамин е важен за претворање на храната во енергија, како и за одржување на нормална функција на срцето и нервниот систем. Затоа проверете дали ги имате долунаведените 9 симптоми кои укажуваат на недостаток од витамин Б1.
Без доволно високо ниво на тиамин во организмот, јаглените хидратите и протеините не можат да се искористат од страна на телото. Тиаминот се користи во комбинација со други Б витамини, кои го сочинуваат Б комплексот, за да регулираат многу важни функции на кардиоваскуларниот, ендокриниот и дигестивниот систем. Тиамионт е витамин растворлив во вода и се користи во речиси секоја клетка во телото. Дефицитот на витаминот Б1 може да предизвика слабост, хроничен замор, срцеви компликации, психоза и оштетување на нервите. Но за среќа, овој витамин се содржи во многу прехранбени намирници кои секојдневно се употребуваат во исхраната како што се квасецот, гравот, оревите и месото. Исто така, тиаминот е составен дел на сите суплементи кои ги содржат витамините од Б комплексот.

Симптоми на дефицит од тиамин
Недостатокот од овој витамин во организмот доведува до болеста бери – бери, која вообичаено се јавува во земјите во кои исхраната најчесто се базира на бел, рафиниран ориз. Оваа болест се карактеризира:
- со пречки во работата на срцето
- задржување на вода во организмот
- трнење на рацете и нозете
- а може да предизвика и пореметување на работата на мозокот.
Бери – бери се лечи со орална терапија кога се состои од 20 до 50 мг витамин Б1, на дневна основа.
Може да ве интересира: 7 знаци кои укажуваат на недостаток од витамин Д.
Недостатокот од тиамин може да предизвика:
- замор
- мачнини
- губење на апетит
- анемија
- чести промени во расположението.
Енергијата која му е потребна на централниот нервен систем во целост зависи од јаглените хидрати. При дефицит на тиамин искористувањето на гликозата од страна на централниот нервен систем може да опадне на 50-60%. Затоа во оваа состојба често доаѓа до отоци на нервните ќелии кои се карактеристични при нивна недоволна исхрана. Нервните влакна во ‘рбетниот мозок може да се дегенерираат до таа мера што може да предизвикаат и привремена парализа, а во поблаги случаи да дојде до мускулна атрофија и тешка мускулна слабост.
Дефицитот од тиамин исто така, го слабее срцевиот мускул, па така лицата со тежок облик на тиамински дефицит може да развијат срцева инсуфициенција.
Помеѓу гастроинтестиналните симптоми, дефицитот на тиамин предизвикува:
- пореметување во варењето на храната
- констипација
- анорексија
- желудочна атонија.
Сите овие пореметувања се резултат на неможноста на мазните мускули и жлезди на гастроинтестиналниот тракт да произведат доволни количини на енергија од јаглените хидрати.
Ви предлагаме да прочитате: Вегетаријански извори на витамините од Б комплексот.