Овој Велигден направете малку поинакви чоколадни колачи. Чоколадните гнезда се совршен десерт за велигденските празници, родендени и разни други убави свечености и поводи. Лесно се прават, изгледаат сензационално и се многу вкусни.
Декоративните чоколадни колачи ги нaјдовме на сајтот kanelaylimon, а освен што ќе ви откриеме како можете да ги направите, во прилог преку фотографии може да ја погледнете постапката и да ја разберете за на најлесен начин да подготвите сензационални чоколадни колачи за Велигден.

Состојки:
За гнезда:
- 210 гр брашно
- 75 гр омекнат путер
- 100 гр шеќер во прав
- 40 гр како во прав
- 1 јајце
- 5 гр прашок за печиво (половина лажиче)
- прстофат сол.
За полнење:
- 100 гр чоколадо за готвење
- 100 мл слатка павлака.
За декорација:
- мали бомбони кои ќе личат на јајца.
Подготовка:
- За припрема на тестото во сад додадете ги сите состојки и добро измешајте за да добиете хомогена смеса, а потоа добиеното тесто обликувајте го во топка.
- Така добиеното тесто ставете го во фрижидер да се стегне.
- Откако тестото ќе се стегне формирајте малечки топчиња и ставајте ги едно по едно во кујнски алат за сечење лук.
- Обложете сад со мрсна хартија, па директно на неа правете ги гнездата, едно по едно.
- Во средината на секое гнездо направете длабнатина со прстите или со помош на капаче за да може подоцна да ги полнете.
- Гнездата печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути.
- Откако гнездата ќе се испечат оставете ги да се изладат, а потоа направете го филот за полнење.
- Во сад на оган ставете ја слатката павлака и оставете ја така додека зоврие.
- Чоколадото ситно исечкајте го, а потоа додадете го во садот и мешајте добро се додека не добиете мазна глазура.
- Така добиената глазура оставете ја да се излади на собна температура.
- Од добиената глазура со помош на кујнски шприц, едно по едно полнете ги гнездата, а потоа украсете ги со бомбони кои ќе личат на јајца.
Совршените чоколадни колачи се спремни за деустација. Послужете ги сите пријатели и секако домашните, а верувајте набргу потоа ќе ви побараат нова доза на Велигденски чоколадни колачи!