Oдлично помина и третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo! 1

Oдлично помина и третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!

По големата најава за третото издание на HFW Expo, може да кажеме дека овој викенд, во Градскиот парк, на терените Работнички, поминавме два убави сончеви дена во духот на здравите навики, фитнесот и велнесот! Oдлично помина и третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!

Трета година по ред, на HFW Expo се собраа најдобрите брендови и компании во земјата, да ги промовираат своите производи и услуги од областа на здравјето, фитнесот, велнесот, кои здружени заедно нудат подобар и поквалитетен живот.

Oдлично помина и третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo! 2

И ова издание покажа дека интересот за водење на здрав животен стил, создавање на здрави навики, а искоренување на лошите, се’ повеќе и повеќе расте, па така оваа година бројката на посетители ги надмина и нашите очекувања.

Богата програма на четири анимирани сцени, понуди одлична содржина за разноврсната публика, така што, од најмладите до повозрасните имаа избор на најразлични активности – од најсовремени динамични и интересни тренинзи и програми за вежбање, презентации и предавања од областа на здравјето, здравствените проблеми и начини за нивна превенција, совети од врвни медицински лица и нутриционисти, масажи, третмани, декореативни, едукативни и спортски активности за правилен раст и развој на деца, натпревари и квизови со многу вредни награди.

Sport Inn со Spinning ® програмата ни покажаа деказа 50 ml цеден сок се потребни само 2 минути, девојките од Power House Pilates одржаа Powerpilates час во чест на Ирина Митевска, а во неделата, настанот го затворивме со енергичната зумба забава со Zumba by Kate!

Огромно БРАВО за сите оние кои дојдоа со велосипед, за оние кои се престрамија и се приклучија во тренинзите и активностите и за оние кои ги понесоа своите најмили и ја поддржаа нашата иницијатива дека здравите навики се стекнуваат од најмали нозе и пред се’, во кругот на семејството.

На оние што го пропуштија овој прекрасен настан, не можеме со зборови да им опишеме колку убава и позитивна беше атмосферата, но можат да ги погледнат фотографиите, кои се одлични и пренесуваат огромен дел од неа. Галеријата од настанот можете да ја погледнете тука.

Веруваме дека третото издание ве остави со многу убави спомени, нови корисни информации, бројни контакти и пријателства!

Потрудете се барем дел од новостекнатите здрави навики да потраат до наредниот септември и со добро здравје да го дочекаме четвртото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!

Клучни зборови:

Сподели: