Ако барате идеја за посно јадење или прилог ви предлагаме да направите печени компири со лук и рузмарин. Прекрасната арома на рузмаринот и лукот го наполнуваат вкусот на компирите.
Цимет е зимзелено дрво кое потекнува од Шри Ланка и во стариот Египет, каде го користеле за балсамирање е спомнувано уште од 2800 година п.н.е. Поради големата вредност бил споредуван со златото. Тој е зачин кој е познат по својот широк спектар на лековити дејства што е една од основните причини за негова употреба како дел од исхраната веќе неколку илјади години наназад.
Специјално за сите обожаватели на здрави оброци, припремивме за вас уште еден рецепт за вкусна проја со моркови и ленено семе. Слично како и претходно објавените рецепти за здрава проја со блитва и здрава проја со семиња не содржи глутен, и погодна е за сите кои внимаваат на телесната тежина да биде во рамките на нормала.
Деновите околу новогодишните празници се прекрасни, еуфорични и исполнети со радост, а посебно убаво е тоа што и самите можеме да придонесеме во бурата убави чувства и тоа во голема мера! Наместо да ви пречат дома, направете декоративни свеќници од чаши и вишокот од кујната ќе стане елегантен декоративен елемент во домот кој симболизира убаво расположение и празнични желби! 🙂
Кога станува збор за вкусниот путер сите знаеме дека е една од многу применуваните намирници во секојдневниот живот, а посебно во кујната. Овој пат ќе ве запознаеме со поинаква насока за неговата корист, освен за готвење путерот има неколку други својства кои е добро да ги знаете за да може да ги искористите во потребен момент.
Независно дали го користите како цеден сок од портокал или едноставно уживате во вкусот на свежи портокали, тие се одлични по своите карактеристики и пожелни за да бидат често застапени на нашето секојдневно мени. Како храна за одлична енергија или како лек за добро здравје и заштита од настинки и грип, портокалите се фантастичен извор на хранливи материи кои се поволни за здравјето.
Сите ние постојано сме во потрага во рецепти за зимница кои не содржат конзерванси, а со тоа можеме да уживаме во сезонската храна подолг временски период. Така и овој пат, од нашата градина собравме карфиол и решивме да го припремиме за зимница. Сигурни сме дека и вам ќе ви биде од корист, па затоа овој рецепт за карфиол во тегли го споделуваме со вас.
Новогодишните празници се наближуваат и време е за украсување. Поканете ја празничната магија во домот! Ослободете ја креативната енергија која се крие во вас, дозволете да ве обземе новогодишната еуфорија и разубавете го вашиот дом со интересни декорации и новогодишни салфетки кои можете да ги изработите сами. Овој пат ви предлагаме да направите елегантен новогодишен венец од тенки цевки (сламки) кои ги користите за пиење на сок или коктел.
Може да кажеме дека ова е еден од најубавите појадоци кои нѐ потсеќаваат на детството, па затоа сакаме да го споделиме со вас. Овој рецепт за печени полнети пиперки со урда лесно се припрема и идеален за сите кои внимаваат на својата телесна тежина, активно вежбаат, се вегетаријанци или практикуваат исхрана без глутен.