Ванилици со мармалад

Ретко кој ги нема пробано, а тоа и не е така без причина! Штом се спомнат ванилици потсетуваат на вкусот од детството, на убавите спомени и моменти на дружба од нашето маало. Совршени за да ги почестите пријателите, да се засладите кога пиете кафе или чај, а овој пат предлогот е за уште поубави од обично ванилици со мармалад! 

Новогодишни капи – колачи

Не веруваме дека има некој кој не би сакал да ги проба овие интересни колачи. Не секој ден имаме можност да јадеме вака убави и вкусни новогодишни капи, па да ја искористиме празничната магија пријатели и да им се изнауживаме! 

Празнични медени колачи

Празнични медени колачи

Новогодишните празници се наближуваат и секој дом го красат убави декорации кои го најавуваат доаѓањето на новата година. Традиционално За новогодишните и божиќни празници во голем број домови се припремаат најразлични суви и медени колачи кои претставуваат вистинско уживање и радост за најмалите. 

Здрави бомбици со овесни снегулки и мак

Сега може да се засладите со вкусни и здрави бомбици од мак и овесни снегулки, без да чувствувате вина дека сте јаделе нешто благо и нездраво. Овие бомбици од мак и овесни снегулки не содржат шеќер и глутен, а се одличен избор за вегетаријанци и за сите кои сакаат да се хранат здраво.

Бели фереро топчиња

Сите кои го обожаваат вкусот на познатите ексклузивни десертни залчиња, сега може и дома да си ги подготват тотално неодоливите бели фереро топчиња и да уживаат во нивниот богат и уникатен вкус! 

рецепти за посни колачи и торти

17 најдобри рецепти за посни колачи и торти

На ваше барање! Божиќните пости веќе започнаа, а голем број наши читатели ни испратија пораки за да направиме избор на најдобрите посни колачи и торти кои ќе им бидат од голема корист за припремата на свечените празнични трпези или едноставно да се заладат во овој период.

колач од тиква 1

Нискокалоричен колач од тиква – без шеќер и без глутен

Ако сте трагач по витка линија или едноставно посакувате одлично здравје за себе, ви нудиме рецепт кој е нискокалоричен, а ќе ве заслади и здраво ќе ве нахрани. Овој прекрасен колач од тиква доаѓа од нашата кујна и специјално го креиравме без шеќер и без глутен за да може да го проба секој кој ќе посака и секој кој се грижи за своето здравје.

сочни домашни ресани со фил

Сочни домашни ресани со фил

Ако не сте ги пробале, не можете ни да претпоставите, ни да замислите колку многу се вкусни! Толку сочни и меки, секоја од нив се топи во уста, да не можеш да се донајадеш. Кога ќе ги пробате нашите домашни ресани со фил, сигурни сме ќе знаете дека не сме го напишале ова само за да ги пофалиме, туку затоа што тоа е потполно точно. Да се почестиме пријатели!

Чоколаден колач со прелив од рум

Можеме да кажеме дека ова е нашиот омилен чоколаден колач, кој лесно се припрема со состојки кои ги имаме во кујната. Рецептот е повеќе пати испробан во нашата кујна, а аромата која му ја даваат какаото, ванилата и румот, го прават овој мек и сочен чоколаден колач идеален за секоја пригода.

Чоколадни макаронс колачиња

Чоколадни макаронс колачиња

Макаронс колачињата имаат долга традиција на уживање од кралските редови! Ако ја дознаете приказната за нив, дегустацијата на секое колаче ќе ви биде уште поинтересна и повкусна, затоа продолжете да читате и секако откријте го домашниот рецепт!

брза торта со јаболка

Брза торта со јаболка

Една од најпопуларните пити во светот е Американската пита со јаболка, а ние ви претставуваме едноставен, евтин и лесен рецепт од нашата кујна за брза торта со јаболка, која е неодоливо мека и вкусна!