Рецепт за благи тостерки - десерт на љубовта 1

Рецепт за благи тостерки – десерт на љубовта

Тостерките се интересен десерт кој со години постои на нашите традиционални трпези и го паметиме од времето на нашите баби кои како домаќинки често припремаа благи тостерки. Обично возрасните ги пиеја со кафе, а децата ги обожававме безрезервно на секоја средба.

Во име на љубовта кон овој десерт, ви предлагаме да ја искористите можноста што ве потсетуваме на нив и во најскоро време да ги направите за саканата личност или за пријателите и омилените членови во семејството.

Рецепт за благи тостерки - десерт на љубовта 2

Состојки:

  • 250 мл пиво
  • 1/2 ќесичка прашок за печиво
  • 2 мали лажички шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 2,5 мали филџалиња масло
  • 400-500 гр брашно
  • суво грозје, орев, кокос, цимет по вкус.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете ги сите состојки и замесете твдро тесто. Доколку сметате дека има потреба додајте уште малку брашно.
  2. Од тестото  формирајте топчиња со големина на орев, а потоа поставете ги да се печат на тостер додека добијат убава црвена боја.

Рецептот го испратил: Ангелина Илиевска

Сподели: