Направете декоративна ќесичка за поклон од плик

На интернет наидовме на едно многу интересно видео во кое се прикажува како со само неколку постапки да се направи декоративна ќесичка за поклон од обичен бел плик.  Нас ни се виде многу креативно и корисно, па решивме да го споделиме и со вас.

Украсна свеќа со фотографија по ваш избор 1

Украсна свеќа со фотографија по ваш избор

На интернет може да се најдат најразлични креативни и уникатни идеи за изработка на разни украсни предмети, свеќи, тегли и сл.  Денес наидовме на една баш таква, па ја споделуваме со вас. Станува збор за изработка на украсна свеќа со фотографија по ваш избор. Баш оргинално нели?

море во тегла

Ова лето на пријателите подарете им сувенир „море во тегла“

Бидете уникатни и креативни! Пренесете ги спомените од вашиот летен одмор и направете супер подароци за пријателите и роднините, но и декорации кои ќе го разубават домот. За време на одморот сигурно купувате слични сувенири кои обично во туристичките места не се ни малку евтини. А ова лето направете нешто поинакво и несекојдневно. Со малку креативност и неколку мали ситници кои сте ги собрале на плажа, поклонете им „море во тегла“ на вашите блиски.

роза од салфетка

Направи сам: роза од салфетка

Без разлика дали една жена го празнува 8 Март или не, таа ќе биде среќна доколку партнерот, пријателите или нејзините најблиски ѝ приредат мало изненадување. Но, подарокот не треба да биде скап, најважно е тој да биде направен и подарен со љубов. Затоа имаме одлична идеја за роза од салфетка, со која и децата може да му подарат на своите мајки, учителки, баби и тетки, подароци направени од нивните рачиња.

Рецепт за благи тостерки - десерт на љубовта 1

Рецепт за благи тостерки – десерт на љубовта

Тостерките се интересен десерт кој со години постои на нашите традиционални трпези и го паметиме од времето на нашите баби кои како домаќинки често припремаа благи тостерки. Обично возрасните ги пиеја со кафе, а децата ги обожававме безрезервно на секоја средба.

Од старите тегли направете уникатен новогодишен подарок

Од старите тегли направете уникатен новогодишен подарок

Кој би рекол дека толку едноставна идеја може да ви пружи огромно емотивно задоволство, нели? Ќе потрошите само неколку минути од вашето време и од старите тегли кои ги имате дома ќе добиете прекрасен и уникатен новогодишен подарок!