магдонос

Прочистете ги бубрезите со чај од магдонос

Кога и да имате можност да консумирате магдонос, не пропуштајте ја. Освен што го прочистува организмот од штетните материи, големата количина на витамини и минерали во неговиот состав го прави идеален за борба против анемија, анорексија, општа слабост, психички и физички замор.

Исчистете ја кујнската даска за сечкање без детергенти

Сигурно и вие секојдневно користите даска за сечкање, но дали знаете како може да ја исчистите без употреба на детергент за садови? Ви претставуваме неколку начини да ја исчистите кујнската даска за сечкање со помош на состојки кои се многу поефикасни, а сигурно ги имате во вашиот дом.

напитоци со антиоксиданси - црвено вино

6 напитоци со антиоксиданси кои ја чуваат младоста

Консумирањето на напитоци со антиоксиданси, му помага на вашиот организам да ја зачува својата виталност и младолик изглед. Антиоксидансите го чуваат вашето тело од слободните радикали, а со тоа се постигнува што помало изразување на надворешните знаци на стареење. Доколку сакате што подолго да се чувствувате витални и постојано како да сте во „најдобрите години“, што почесто уживајте во правилен избор на освежување.

сол-препораки

4 знаци кои предупредуваат дека консумирате премногу сол

Солта е од суштинско значење за нашето здравје, бидејќи таа е неопходна во процесот на одржување на нормалните телесни функции. Одговорна е за балансирање на количеството на течности во организмот, одржувањето на нормални мускулни контракции и извршување на нервните функции.

слабокрвност

Недостаток на железо причина за слабокрвност

Слабокрвност или анемија е едно од најчестите пореметувања на крвта, а воедно и најчеста болест. Главна причина за слабокрвност е недостатокот на железо, а болеста е најмногу застапена кај жените, меѓу 20 и 50 години.

забоболка домашни лекови

Спречете силна забоболка со 10 домашни лекови

Секој кој барем еднаш во животот страдал од забоболка, многу добро знае дека не е лесно да се истрпи, а освен тоа болката не се чувствува само во устата, туку многу често може да се пренесе и на другите делови од телото.  Ви предлагаме да ги пробате овие 10 домашни лекови.

отстранување на дамки од масло

4 начини за отстранување на дамки од масло

Пробајте ги следните неколку начини за отстранување на дамки од масло кои останале на вашата облека и заборавете на тврдокорните проблеми. На евтин начин и со средства од домаќинството, можете многу лесно да стигнете до практични резултати и ефект на чиста облека.

варени-јајца

Идеални тврдо варени јајца во рерна

Кога станува збор за подготовка на тврдо варени јајца, повеќето луѓе ги ставаат јајцата во вода која врие и ги оставаат да се варат. Но, така варените јајца често пати се невкусни, а жолчката им се распаѓа и се лепи на јазикот како прав.

опаѓање на коса

Спречете го засиленото опаѓање на косата

Засиленото опаѓање на косата е проблем кој може да се јави во било која доба од животот. Ќелавоста може да биде наследна или стекната, која се јавува како резултат на агресивни козметички препарати, несоодветна исхрана, стрес, ненадеен шок, хронична настинка, грип, анемија и други состојби во организмот.

тави и тенџериња

Едноставно и брзо исчистeте ги загорените тави и тенџериња

Ви загорело тенџерето или тавата и што сега? И на најискусните домаќинки им се случува понекогаш да им загори храната во тенџерето или тавата и да има остатоци и дамки, за кои мислите дека е невозможно да се отстранат. Самото потопување на загорените тави и тенџериња во вода, а исто така и напорното рибање со разни хемиски средства нема да резултира со отстранување на загорените и тврдокорни нечистотии.

пиво

5 невообичаени начини да го искористите преостанато пиво

Пивото се вбројува во листата на најпопуларни алкохолни пијалаци во светот. Доколку ви простанало пиво и не е добро за пиење, може да го искористите за други намени во домаќинството.