6 совети како да се изборите со зависноста од блага храна 1

6 совети како да се изборите со зависноста од блага храна

Зависноста од блага храна е подеднакво силна како и онаа кон разните зависности и воопшто не е лесно и едноставно да се изборите со неа. Затоа, од голема важност е да се има добар план за истата да се победи, па ви припремивме неколку корисни совети кои со сигурност ќе ви помогнат да се изборите со преголемата желба за слатка храна.

Колку пати во текот на денот ви се пријадува нешто благо? Колку пати и подлегнувате на таа желба, а колку пати се изборувате со неа? Ако мислите дека имате проблем со слатката храна и дека претерувате со нејзиното консумирање, тогаш обавезно прочитајте ги советите кои ги посветуваме на тој проблем.

6 совети како да се изборите со зависноста од блага храна 2

Денот нека ви започне со појадок кој изобилува со протеини, масти и фитонутриенти

За ваков појадок најдобра опција е да си припремите смуди. Природата изобилува со природни протеински додатоци за совршен енергетски шејк  и со природни масти и фитонутриенти. Припремата на смуди нема да ви одземе многу време, а ги исполнува сите услови за здрав појадок. Тоа е одличен начин да се започне денот и да се замени вообичаениот појадок кој најчесто изобилува со шеќери, јаглени хидрати и скроб, што е најлоша комбинација кога станува збор за потреба од одвикнување од слатка храна.

Не прескокнувајте оброци

За да не подлегнете на искушението да посегнете по блага храна, многу е важно да имате три оброци во текот на денот и две ужини. Кај повеќето лица кои не јадат доволно се случува да им падне нивото на шеќер во крвта, што ги тера да посегнат по слатки и чоколадо.

Насочете го вниманието на нешто друго

Секој пат кога ќе почуствувате потреба да поткаснете нешто благо, обидете се да го насочите вниманието на нешто друго, на пример напијте се вода, каснете сурово овошје, а уште подобро ако можете излезете на прошетка или ако обожавате спорт направете склекови или стомачни, бидејќи желбата најчесто трае 10-20 минути и поминува. Важно е вашите мисли да ги насочите кон нешто друго во тој кризен момент.

Јадете овошје

Кога ќе почуствувате потреба за слатко, наместо да изедете коцка чоколадо, посегнете по парче овошје кое е многу поздрава опција за задоволување на желбата за благо.

Пијте многу вода

Водата во многу случаеви може да ви помогне во борбата со потребата за благо.

Не купувајте блага храна

Прво и основно правило е доколку се борите со зависност од блага храна, дека дома не треба да чувате таква храна. Исто така, обрнете внимание во кои ситуации најмногу ви се пријадува благо и дали е тоа поврзано со некои ваши емоционални состојби. Кога еднаш ќе откриете која е причината за таа ваша преголема желба за блага храна, можеби и ќе се изборите со тој проблем.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 предлози за здрав појадок.

Сподели: