Во рамките на Битфест 2017, на 27.06.2017 година, со почеток од 19:00 часот, на плоштадот Магнолија во Битола, Сѐ за храна одржа креативна работилница „ Со боите на храната креираме уметност“. На истата беа презентирани креативни мозаици и цртежи од храна, декорации со храна и предмети кои се употребуваат во домаќинството, рециклирани шишиња и тегли кои беа претворени во украсни детали за домот или за изработка на накит и слично.