Зошто е важен витаминот Б12 1

Д-р Нела Деспотовска советува: Зошто е важен витаминот Б12?

Витаминот Б12 е еден од најчестите кој e забележан како дефицитарен кај многу лица. Обично, неговиот недостаток се јавува како резултат на специфични режими на исхрана кои исклучуваат месо, јајца, млеко или пак одредени физиолошки состојби како бременост и лактација. Исто така, одредени заболувања и здравствени состојби може да доведат до недостаток на овој витамин. А зошто е толку важен витаминот Б12, кои се симптомите на недостаток, кои се најдобрите извори од храната? – На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска од Тримекс. 

vitamin B12

Витамин Б12 – нутриент клучен за добро здравје

Како што самото име кажува, витаминот Б12 припаѓа во Б групата на витамини. Но, сепак е малку различен од нив. Овој витамин му е потребен на организмот во мали количини. Но ако имате недостаток на витамин Б12 тоа може да доведе до трајни штетни последици на мозокот и нервите.