Зошто е важен витаминот Б12 1

Д-р Нела Деспотовска советува: Зошто е важен витаминот Б12?

Витаминот Б12 е еден од најчестите кој e забележан како дефицитарен кај многу лица. Обично, неговиот недостаток се јавува како резултат на специфични режими на исхрана кои исклучуваат месо, јајца, млеко или пак одредени физиолошки состојби како бременост и лактација. Исто така, одредени заболувања и здравствени состојби може да доведат до недостаток на овој витамин. А зошто е толку важен витаминот Б12, кои се симптомите на недостаток, кои се најдобрите извори од храната? – На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска од Тримекс. 

Колку и да се обидуваме да јадеме здраво и да ги внесуваме сите витамини и минерали преку консумација на разновидна и свежа храна, понекогаш може да се појави недостаток на одредени витамини и тоа да е изразено преку физички симптоми. Сите ние, благодарение на процесот на дигестија, ги апсорбираме витамините и хранливите материи од храната која ја јадеме. А, во метаболитичките процеси има извесни разлики. На пример, за разлика од витаминот Д, кој може да биде синтетизиран во нашите тела, витаминот Б12 не може и мора да го апсорбираме од надворешни извори. Витаминот Б12 кој уште е познат како кобаламин, е есенцијален нутриент кој телото го користи за повеќе важни функции, како што се да произведе црвени крвни клетки, нерви и ДНА, па го направивме ова истражување и во консултација со Д-р Нела споделуваме некои корисни информации со вас.

Зошто е важен витаминот Б12 2

Колкави се дневните потреби за витаминот Б12 и кои проблеми може да ги предизвика долготрајниот недостаток на овој витамин?

Потребите за витаминот Б12 се најмали во споредба со сите други витамини од Б групата. На повеќето возрасни лица најчесто им се потребни само 2,4 микрограми на ден. Но, сепак е важен за многу телесни функции и правилно здраво функционирање на организмот. Во екстремни случаи на недостаток на витаминот Б12 може да дојде до кардиоваскуларни заболувања, анемија, срцев удар, губење на меморијата, инконтиненција, параноја, депресија и други сериозни здравствени проблеми.

Зошто веганите се први на листата со недостаток на витаминот Б12 и што може да се направи?

За разлика од многу други витамини, витаминот Б12 не се наоѓа во растителната храна. Како резултат на тоа, веганската и вегетаријанската популација е најмногу погодена од недостатокот на овој витамин. Едно решение за оваа група на луѓе е да користат намирници кои се богати со витаминот Б12, како тофу сирењето или бадемовото млеко. Исто така, некои микроорганизми како бактериите и фунгите може да произведат витамин Б12. Оттука, храната која потекнува од почвата каде живеат такви бактерии може да го содржи овој витамин во мали количини.

Некои видови храна природно содржат мали количини на витамин Б12. Такви се печурките и ферментираната храна. Освен нив, квасецот може да биде добар извор на Б12 за вегетаријанците, додека пак ово-лактовегетаријанците може да се снабдат со доволни количини од овој витамин од јајцата, млекото и млечните производи. Сепак, веганите и вегетаријанците може да го внесат витаминот Б12 и во суплеметарна форма и на тој начин да бидат сигурни дека во целост ги задоволиле потребите за овој витамин.

Дали треба да се земаат суплементи со Б12 и за кој се посебно препорачливи?

Доколку не консумирате млеко, месо и јајца, тогаш сте еден од кандидатите за суплементи со витаминот Б12. Освен оваа категорија, лицата кои се под ризик од недостаток од витаминот Б12 најчесто се постарата популација, носителите на ХИВ вирус, лицата кои имале операција за намалување на тежината и лица со одредени дигестивни нарушувања како Кронова болест. Кај овие лица, организмот има потешкотии да ги апсорбира нутритивните материи од храната.

Бремените жени и доилките исто така имаат зголемени дневни потреби за овој витамин. Во овие периоди кога телото има зголемена побарувачка на хранливи материи со цел да го нахрани бебето, па се препорачува зголемен внес на витамин Б12. Во секој случај земајте суплемент само по консултација со вашиот лекар.

Разновидната исхрана би требало да ги обезбеди сите дневни потреби за овој витамин, но доколку имате некои симптоми како замор, забрзано дишење и срцебиење, болка во зглобовите или пак слабост, консултирајте се со вашиот лекар за да ве упати да направите крвен тест со кој може да се провери нивото на Б12. Доколку се докаже дека имате недостаток од овој витамин, тогаш треба да размислите за воведување на суплементација со витаминот Б12.

Methyl B-12

Наша препорака за витамин Б12

Кога станува збор за суплементи, важно е да избереме од проверени брендови, па ви го препорачуваме NOW ® Methyl B-12. Метилкобаламин е ко-ензимска форма на витаминот Б-12 која се покажа дека е особено критична во одржувањето на здравјето на нервниот систем. Хранливите извори се речиси исклучиво од животинско потекло (месо и млечни производи), а NOW ® Methyl B-12 е вегетаријански/веган производ (не е од животинско потекло), што може да биде особено важно за строгите вегетаријанци, каде недостатокот на овој витамин е најголем.

Повеќе информации за NOW ® Methyl B-12 прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Симптоми при недостаток на калциум и растителни извори.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: