Д-р Нела Деспотовска советува: Симптоми при недостаток на калциум и растителни извори

Калциумот е минерал во човековиот организам одговорен за многу процеси кои го одржуваат здравјето на организмот. Негова примарна улога е градење и одржување на скелетот и забите. Придонесува за здравјето на нервниот систем и мускулите и за апсорпција на железото и витаминот Б12. Имајќи ја во предвид важноста на калцимот, поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска на оваа тема. Таа ни открива кои се симптомите при недостаток на калциум и која храна од растително потекло е богата со овој минерал. 

Околу 99% од вкупниот калциум во организмот се наоѓа во коските и забите. Останатиот 1% учествува во градбата на крвта и другите ткива. Поради тоа, нормалното ниво на калциум е особено важно за правилното функционирање на целиот организам.

недостаток на калциум и растителни извори

Симптоми при недостаток на калциум

Кога нивото на калциум ќе падне под потребните количества во крвта, организмот нема друг избор освен да “краде” од главниот резервоар: коските. Исто така, секојдневно организмот губи калциум преку кожата, ноктите, косата, потењето, урината и фекалиите. Најчестите симптоми кои укажуваат на недостаток на калциум се:

  • болки во зглобовите
  • чести скршеници по телото
  • несоница
  • грчеви во мускулите
  • кршливи нокти
  • вкочанетост на нозете и рацете

Доколку имате неколку од наведените симптоми, најдобро е да се советувате со вашиот матичен лекар. Недостатокот на калциум ги прави коските порозни, слаби и подложни на кршење и може да доведе до артритис или остеопороза која води до намалување на еластичноста на коските и појава на скршеници. Особено недостатокот на калциум ја прати менопаузата и е карактеристична појава за постарите луѓе, особено за жените.

Топ извори на калциум од растително потекло

Вежбањето, сончањето, исхраната богата со зеленчук и овошје, и умереното консумирање на протеини помагаат во превенцијата на коските од остеопороза. А најдобрите извори на калциум од растително потекло се:

Зеленчуци

  • брокула (1 чаша, варена) содржи 62 мг
  • прокељ (1 чаша, варен) содржи 56 мг
  • тиква (1 чаша, печена) содржи 84 мг
  • моркови (2 средни, свежи) содржат 40 мг
  • карфиол (1 чаша, варен) содржи 20 мг
  • блитва (1 чаша, варена) содржи 266 мг
  • кељ (1 чаша, варен) содржи 94 мг
  • сладок компир (1 чаша, варен) содржи 76 мг.

Мешунки (легуминози)

  • црн грав (1 чаша, варен) содржи 102 мг
  • наут (1 чаша, варен) содржи 80 мг
  • леќа (1 чаша, варена) содржи 38 мг
  • соја (1 чаша, варена) содржи 175 мг
  • тофу (1/2 чаша) содржи 253 мг.

Овошје

  • сушени смокви (10 смокви) содржат 140 мг
  • суво грозје (2/3 чаша) содржи 53 мг
  • портокал (1 портокал) содржи 50 до 60 мг
  • капини (1 чаша, свежи) содржат 40 мг.

Calcium Citrate – лесно растворлива и апсорблива форма на калциум

Калциум цитрат е лесно сварлива и апсорблива форма на калциум, минерал кој е неопходен за одржување на здравјето на коските. Витаминот Д, магнезиумот, цинкот, бакарот и манганот се присутни во производот поради нивната есенцијална улога во метаболизмот на коските, а со тоа се овозможува максимална двојна апсорпција (интраклеточна и вонклеточна). Калциум цитратот е 2.5 пати повеќе биорасположлив отколку калциум карбонатот. Благодарение на тоа што не бара екстра стомачна киселина за апсорпција е идеален за повозрасни луѓе (продукцијата на киселина се намалува со годините). Важно е тоа што не предизвикува нус-појави како што се: настанување камен, гасови, чувство на мачнина и болки во желудникот по консумирање. Вегетаријанската (веганската) формула го прави идеален за сите, особено погоден за лица кои не консумираат животински производи.

недостаток на калциум

Повеќе информации за калциум цитратот прочитајте на страницата на Тримексод каде што може и да го набавите. Исто така калциум цитратот може да се најде низ аптеките во Македонија. Секако доколку читателите имаат потреба од дополнителни информации за користењето на овој суплемент, може слободно да ме контактираат преку вашиот меил info@sezahrana.mk или пак да се јават на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 – вели Д-р Нела.

Фактори кои ја намалуваа апсорпцијата на калциум

Консумирањето на алкохол, лекови, оксалати, фосфати (особено во газираните пијалаци), животински протеини, натриум, фитат, кофеин, стероиди, може да предизвикаат негативен ефект врз коските.

Совет плус: При присуство на камења во бубрезите или зголемена желудочна киселина, консултирајте се со доктор пред да земете додаток на калциум.

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: што е остеопороза и како да се заштитите?

*Комерцијален текст

Сподели: