која е улогата на селенот во организмот

Која е улогата на селенот во организмот и што се случува при негов недостаток?

Улогата на селенот во организмот е особено важна за правилно функционирање на тироидната жлезда и за имунитетот. Некои научници утврдиле дека луѓето кои имаат ниско ниво на селен се поподложни да развијат повеќе типови на болести. Препорачаните дневни дози на селен кои се препорачуваат за возрасен човек се 55 мг на ден, во зависност од исхраната и здравствената состојба. А, дали некогаш сте се запрашале што се случува при недостаток на селен во организмот и зошто е важен? 

Селенот е важен микронутриент кој може да се најде во почвата, водата и храната од растително и животинско потекло. Неопходен е за правилно функционирање на сите организми. Откриен е во 1817 година од шведскиот хемичар Јонс Јакоб Берзелиус. Името го добил по грчкиот збор Selen (месечина), поради неговата светло сива боја за време на топењето. Во природата се јавува во органска (селенометионин и селеноцистеин) и неорганска форма (селенит и селенат).  Која е улогата на селенот во организмот и што се случува при негов недостаток?

Која е улогата на селенот во нашиот организам?

Овој есенцијален минерал има голема улога во одржување на доброто здравје и нормалната функција на организмот и тоа:

  • Селенот е природен антиоксиданс кој помага за формирање на клетките на имуниот систем. На тој начин значајно ја зголемува одбранбената способност на организмот да се бори со инфекции и други болести.
  • Важен е за биосинтеза на 25 различни селенопротеини. Селеноензимите, поради нивното антиоксидативно дејство, се важен фактор во канцерогенезата и намалената прогресија на туморот.
  • Помага во одржување на лошиот холестерол под контрола, па така е корисен за целокупното здравје на срцето, крвните садови и крвотокот.
  • Потребен е за биосинтеза на тестостеронот, како и за создавање и развој на сперматозоиди. Ткивото во тестисите содржи високи концентрации на селен и е одговорно за квалитетот на спермата и за машката плодност.
  • Селенот ги врзува арсенот, оловото, живата, алуминиумот и кадмиумот, и така ги исфрла од организмот. Ова дејство се зголемува ако истовремено со селенот се земаат манган, калциум, магнезиум и цинк.
  • Учествува во регулирање на хормоните на тироидната жлезда, која важи за орган со најголем удел на селен (0,2-2 μg/g ткиво). Тој е клучен во синтезата, активирањето и метаболизмот на тироидните хормони.

Што се случува при недостаток на овој минерал?

Важноста на селенот за човечкото тело била забележана во 1979 година кога болеста Кешан беше поврзана со недостаток на селен во почвата во Кина. Болестите Кешан и Кашин-Бек за прв пат се забележани кај жените и децата во таа област. Кешанската болест се рефлектира со намалена функција на срцевиот мускул, а болеста Кешин-Бек се карактеризира со оштетување на ‘рскавицата во зглобовите на рацете и нозете.

Недостатокот на селен во телото може да доведе до сериозни заболувања на различни системи: кардиоваскуларниот, ендокриниот, имунолошкиот, мускулноскелетниот, нервниот и репродуктивниот системи. А најчесто, недостатокот на селен се поврзува со појава на зголемена тироидна жлезда и формирање на тироидни јазли.

Селенот помага во одбраната на организмот кај лицата со хепатитис Б и Ц и инфицирани со ХИВ вирусот и на тој начин ја забавува прогресијата на болеста. Истражувањата покажале дека недостатокот на селен може да доведе до полошо расположение и раздразливост, па дури е поврзан и со развој на Алцхајмерова болест.

Кои намирници се најбогати со селен?

Најбогати извори на селен се месото, млечните производи, рибата, морските плодови, житариците, јаткастите плодови, бразилските оревчиња, јајцата, печурките и лукот. Бразилските оревчиња се најбогати со селен (содржат 0,2-512 мг/г), па затоа треба да се внимава кога се консумираат за да не се надмине препорачаната дневна доза на селен.

Во случај на потреба од дополнителен внес на селен ви препорачуваме да користите додадотици во исхраната. Од суплементите со селен, кои се достапни на нашиот пазар можеме да препорачаме Selenium од Now Foods. Тој е во комбинација со Витамин Е, Витамин Ц и бета каротен, кои претставуваат моќни антиоксиданси и ги штитат клетките од оштетување, стареење и смрт. Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на Selenium, прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk

улогата на селенот во организмот

Совет плус: Доколку планирате да земате додатоци во исхраната на база на селен, најпрво консултирајте се со вашиот лекар, бидејќи прекумерната количина на селен може да биде токсична.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 сигнали кои посочуваат дека ви е потребен селен.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: