Д-р Нела Деспотовска советува: Цинк - од имунолошка одбрана до здравје на кожата

Д-р Нела Деспотовска советува: Цинк – од имунолошка одбрана до здравје на кожата

Сигурно сите сте слушнале за цинк, a дали знаете за што всушност е важен овој минерал? – Цинкот и неговата важност се откриени уште во 18-тиот век. Тој е еден од минералите кои учествуваат во бројни процеси и функции во телото. Претставува составна компонента е на инсулинот и го поттикнува неговото лачење, значаен е за половите хормони и многу ензими. Потребен е за коските и мускулите, простатата, црниот дроб, еритроцитите и леукоцитите. А, на кој начин овој минерал го одржува нашиот имунитет и влијае врз здравјето на кожата ни открива Д-р Нела Деспотовска. Во продолжение ги споделуваме нејзините совети.

Цинкот е неопходен за синтеза на протеините, колагенот и создавање на коскената маса. Има голема важност во апсорпцијата на витаминот А и одржувањето на нивото на витаминот Е. Има заслуга за функционирањето на сетилото за мирис и вкус. А, во остатокот од текстот дознајте за што друго е важен и што се случува при негов недостаток.

Д-р Нела Деспотовска советува: Цинк - од имунолошка одбрана до здравје на кожата

Која е улогата на цинкот во телото?

Цинкот е есенцијален минерал кој телото го користи на безброј начини. Всушност, цинкот е вториот најзастапен минерал во нашето тело и е присутен во секоја клетка. Тој е неопходен за активноста на повеќе од 300 ензими кои помагаат во метаболизмот, варењето, нервната функција и многу други процеси. Овој минерал е исто така е важен за здравјето на кожата, синтезата на ДНА и производството на протеини. Поважни улоги на цинкот се:

  • Го зајакнува имунолошкиот систем
  • Го забрзува заздравувањето на раните
  • Го намалува ризикот од појава на одредени болести како што се пневмонија, инфекции и макуларна дегенерација
  • Помага во лекувањето на акните
  • Го намалува воспалението.

Што се случува при недостаток на овој минерал?

Симптомите за тежок недостаток на цинк вклучуваат нарушен раст и развој, одложена сексуална зрелост, осип на кожата, хронична дијареа, нарушено заздравување на раните и проблеми со однесувањето.

Симптомите на благ недостаток на цинк вклучуваат дијареа, намален имунитет, проретчена коса, намален апетит, нарушувања на расположението, сува кожа и проблеми со плодноста.

Одредени групи на луѓе се повеќе изложени на ризик од недостаток на цинк, а тоа се:

  • Луѓе со гастроинтестинални заболувања
  • Вегетаријанци и вегани
  • Бремени жени и доилки
  • Постари доенчиња кои се исклучиво доени
  • Луѓе со хронична бубрежна болест
  • Оние кои консумираат голема количина на алкохол.

Кои се изворите на цинк од храната?

Сите витамини и минерали е најдобро да се внесуваат по природен пат, односно преку храната, а истото важи за овој минерал. Цинкот најмногу го има во:

  • јајцата
  • месото (говедско, живинско)
  • морските плодови
  • јаткасти овошја, бадеми
  • семки од тиква
  • грав
  • боранија
  • грашок
  • ладно цедено масло од чиа
  • ладно цедено масло од ленено семе
  • интегрални житарки
  • пивски квасец.

Но, бидејќи телото природно не произведува цинк, мора да го внесувате преку храната или преку додатоци во исхраната. Од додатоци кои се достапни кај нас ви го препорачуваме L-OptiZinc® од Now. L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселината метионин. Овој производ подобро се апсорбира и се задржува подолго во споредба со други тестирани форми на цинк.

Предности на L-OptiZinc:

  • супериорна апсорпција и задржување
  • супериорни антиоксидативни својства
  • супериорна клеточна заштита
  • здрав вид и нормална когнитивна функција
  • здрава кожа, коса и нокти.
цинк

L-OptiZinc® може да го нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс, а доставата е бесплатна. Овој додаток на исхраната е достапен и во поголемите аптеки низ земјата. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Цинк – здравствени придобивки и симптоми на недостаток.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: