По четврт пат Сѐ за храна е дел од хуманитарната Винкова конференција

Не е потребна причина за да се помогне некому. Доколку секој би давал несебично барем онолку колку што може, светот би бил многу поубаво место за живеење. Под мотото „Моќта на хуманоста во градот Битола” на 13 декември се одржа Тортијада во организација на Винкова конференција.