Во исчекување на првиот фестивал на улична храна „Вкусот на Скопје”!

Кога ќе се спомне пролет во Скопје, помислуваме на зелените прекривки на Градскиот парк, свежината на високите дрвја и неповторливите дружби со пријателите. Токму таму, во срцето на Скопје, љубителите на добрата храна ќе имаат можност да бидат понесени од целосен гастрономски хедонизам!