3 брзи и лесни десерти Марија К 1

Готвиме со Марија Кочовска: 3 брзи и лесни десерти

Ви се пријаде нешто благо, а не сакате да губите многу време за готвење? – Чоколадна торта, чоколадна салама, или пак грклани со ванила фил, се 3 брзи и лесни десерти топло препорачани од нашата уредничка Марија Кочовска. Кој и да го изберете, нема да згрешите.

грклани

Брзи грклани со ванила фил

Брзи, лесни за подготовка и што е најважно испробани во кујната на Сѐ за храна! Штом станува збор за десертите, Марија од нашиот тим секогаш е расположена да приготви нешто слатко, вкусно и традиционално. Овој пат нѐ изненади со традиционалните грклани приготвени со кремаст ванила фил.