грклани

Брзи грклани со ванила фил

Брзи, лесни за подготовка и што е најважно испробани во кујната на Сѐ за храна! Штом станува збор за десертите, Марија од нашиот тим секогаш е расположена да приготви нешто слатко, вкусно и традиционално. Овој пат нѐ изненади со традиционалните грклани приготвени со кремаст ванила фил.

Рецепт кој вреди да се направи и дегустира во првата прилика! Оцена од нас: чиста 10-ка.

брзи грклани

Состојки:

Подготовка:

  1. Калапите за гркланите премачкајте ги со тенок слој на путер или маргарин.
  2. Лиснатото тесто исучете го како тенка кора со дебелина од 3-4 мм. Потоа исечете долги ленти со ширина од 3-4 см и должина 30 см (во зависност од големината на калапите).
  3. Земете една лента и вртете ја околу калапот во форма на спирала. Лентата треба да се преклопува.
  4. Формираните грклани наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Од наведената количина на тесто треба да добиете 36 парчиња, кои се печат во 3 плеха. По потреба количината на состојките намалете ја или зголемете ја.
  5. Гркланите ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 степени за време од 10 минути, додека поруменат. Печете еден по еден плех за најдобри резултати.
  6. Извадете ја тавата и оставете ги гркланите да се изладат кратко, а потоа извадете ги од калапите.
  7. Во сад за матење ставете ги крем пудинзите од ванила и додајте 600 мл млеко. Изматете со миксер за време од 3-4 минути додека се добие густ крем.
  8. Во друг сад за матење ставете ја шлаг пената и додајте 200 мл млеко. Изматете со миксер за време од 3-5 минути додека се добие густ шлаг. Во садот со крем пудингот додајте ја шлаг пената и изматете кратко за да се соединат состојките. По желба додајте шеќер во прав.
  9. Во чаша или друг сад ставете го желатинот и додајте 50 мл вода. Измешајте и оставете го да набабри за време од 3 минути. Желатинот растопете го на оган или во микробранова печка, притоа внимавајте да не зоврие.
  10. Во садот со пудингот додајте го желатинот и изматете со миксер околу минута до две. Филот оставете го 10-20 минути.
  11. Потоа, со готварски шприц наполнете ги гркланите. По желба декорирајте ги со изматена шлаг пена на краевите и поросете ги со шеќер во прав и растопено чоколадо пред служењето. Уживајте во светот на вкусовите!
брзи грклани

Препорака од авторот:

Крем пита, индијанки, брзи гонзалес… на ред стигнаа и омилените грклани. Направив модификација на рецептот кој традиционално се приготвува со шлаг (шам) од белки. При подготовката ги избегнувам рецептите со свежи јајца кои термички не се обработуваат и се трудам да најдам замена. Инспирација за овој рецепт ми беше крем пудингот од Витаминка кој се приготвува без варење, па филот дојде фантастично вкусен. На крај добив 36 слатки грклани кои ги дегустираа најблиските и сите се сложија дека се супер вкусни. Останува на вас да ги направите, а за сите прашања околу подготовката пишете ми на Facebook или Instagram каде што може да ме следите за повеќе вкусни идеи и рецепти“ – вели Марија Кочовска од нашиот тим.

брзи грклани со крем пудинг

Ви препорачуваме да прочитате: Индијанки со фил од пудинг.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: