„Брзи гонзалес“ со кокос 1

Колач од детството „Брзи гонзалес“ со кокос

Традиционален, брз колач кој може да го направите со состојки кои ги имате во вашата кујна! Токму ваков е рецептот за колачот „Брзи гонзалес“ кој има богат вкус исполнет со кокос. Обожаваме да ги преработуваме старите, македонски рецепти и како што често пати велиме, да им дадеме наш „печат“.

Така и овој пат, колачот го прилагодивме по наш вкус. Ја намаливме количината на шеќер и путер, а сепак добивме сочен и мек колач со убава арома на чоколадо и ванила. И да не заборавиме, инспирација ни беа производите на Витаминка, кои секогаш супер се вклопуваат во секоја слатка приказна. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!

„Брзи гонзалес“ со кокос 3

Состојки:

За прелив:

„Брзи гонзалес“ со кокос

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Изматете ги со миксер за време од 5 минути, додека добиете густ крем и шеќерот се растопи.
  2. Брашното, прашокот за печиво и кокосот од Витаминка ставете ги во длабок сад и измешајте ги.
  3. Во садот со изматените јајца ставете ги млекото и маслото, и измешајте со лажица. Потоа додајте ја смесата со брашното и кокосот. Повторно измешајте со лажица.
  4. Тавата (бр. 28) обложете ја со хартија за печење или намрсете ја и набрашнете ја. Смесата за колачот ставете ја во тавата и израмнете ја со лажица.
  5. Колачот ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени за време од 10 до 15 минути, додека малку порумени. Повремено проверете со чепкалка дали колачот е испечен.
  6. Тавата со печениот колач извадете ја од рерната и оставете го колачот малку да се излади. Потоа, превртете го и отстранете ја хартија. Внимателно, ставете го колачот во тавата во која се печел и исечете го на коцки или парчиња по желба.
  7. Во помал сад на оган ставете ја водата, шеќерот, ванилиниот шеќер и какаото од Витаминка. Измешајте со лажица, а штом шеќерот се растопи додајте го путерот. Врелиот прелив тргнете го од огнот и оставете го кратко време да се излади.
  8. Со преливот потурете го колачот. Пред служење секое парче брзи гонзалес поросете го со кокос. На здравје!
„Брзи гонзалес“ со кокос 2

Ви предлагаме да прочитате: Индијанки со фил од пудинг.

*Комерцијален рецепт

Сподели: