колачи со рогач

Колачи со рогач и какао

За да имате фантастичен доручек припремете си вкусни колачи со рогач и какао и уживајте заедно со чаша топло кафе. Ако ви останат, замрзнете ги, па кога ќе одите на излет или ви се најавиле гости, само загрејте ги и уживајте во мирисот на свежо печени колачиња. 

Посно топло чоколадо со мед

Обожавате какао и топло чоколадо, а не сакате инстант чоколадни напитоци? Ние имаме супер рецепт за посно топло чоколадо со мед кое има богат вкус и претставува вистинска ризница на хранливи нутриенти и антиоксиданси. Без шеќер, без глутен, здраво, вкусно и идеално за целото семејство!

3 придобивки од консумацијата на топло какао

Во ладните зимски денови, згрејте се со топло какао! Придобивките се многубројни, а уживањето е бескрајно. Овој популарен пијалак е богат со антиоксиданси, флавоноиди, а помага за подобрување на меморијата и превенирање на деменција. Продолжете со читање и дознајте што велат новите истражувања на оваа тема.

Велигденски ѓумбир колачи 1

Велигденски ѓумбир колачи

Овој рецепт го испробавме со мерак, а е споделен од драг пријател на кој во оваа прилика се заблагодаруваме. Во пресрет на еден од најзначајните христијански празници, ви предлагаме да си направите велигденски ѓумбир колачи во форма на јајце или зајаче. Поканете ги и помалите членови на семејството и уживајте во подготовката.

„Брзи гонзалес“ со кокос 1

Колач од детството „Брзи гонзалес“ со кокос

Традиционален, брз колач кој може да го направите со состојки кои ги имате во вашата кујна! Токму ваков е рецептот за колачот „Брзи гонзалес“ кој има богат вкус исполнет со кокос. Обожаваме да ги преработуваме старите, македонски рецепти и како што често пати велиме, да им дадеме наш „печат“.

7 придобивки од консумирањето на црно чоколадо 1

7 придобивки од консумирањето на црно чоколадо

Иако некои нутриционисти не би го класирале чоколадото во категоријата на здрава храна, тоа е одличен избор! Вкусното црно чоколадо е најздрав избор за десерт после овошјето. Секогаш кога имате желба за нешто благо, слободно посегнете по црно чоколадо!

Посен брз двобоен колач со какао

Сликата кажува се, нели? Благодарение на Катерина, сега имаме уште еден рецепт за посен и сочен десерт. Послужен со кафе, посниот брз двобоен колач со какао е идеален за средби со пријателите или засладување за време на пости. 

оброк во чаша 1

Хранлив оброк во чаша со какао

Хранливо, вкусно и чоколадно, а надополнето со неодоливата арома на банана. Вкусна сензација за убави утра полни со енергија и расположение! Потребни ви се помалку од 5 минути за да си направите совршен оброк во чаша со какао.

чоколадно смуди со банана 1

Чоколадно смуди со банана од кое ќе бидете сити подолго време

Комбинацијата од чоколадо и банана е една од омилените и многумина не можат да и одолеат. Па, го споделуваме нашиот предлог рецепт за чоколадно смуди со банана од кое ќе бидете сити подолго време.

чоколадни бомбици со кокос 1

Енергетски чоколадни бомбици со кокос и овес без шеќер

Не постои таков човек кој не ужива во слатките вкусови, а многумина од нас внимаваат на телесната тежина! Така, кога сакате да се засладите без да чувствувате „грижа на совест“, побарајте го овој рецепт кој го креиравме во нашата кујна. Исклучително вкусни, полни со хранливи состојки и многу лесни за подготовка. Без двоумење ви препорачуваме да ги пробате енергетските чоколадни бомбици со кокос и овес!

здраво чоколадно смуди

Топло чоколадно смуди со овесни снегулки

Може уште да го наречеме здраво топло чоколадо! Меко ќебе, пријатно друштво и топло чоколадно смуди кое ги грее рацете и срцето – дефиниција за совршен есенски и зимски ден! Можете на прсти да ги наброите луѓето или локалите кои знаат да подготват совршено слатко и густо чоколадно задоволство на кое буквално ќе се навлечете.