maska za lice od kafe 1

Хранлива маска за лице со кафе и какао

Сакате да имате убава, свежа и одморена кожа, без отоци и темни кругови околу очите? Тогаш оваа хранлива маска за лице со кафе и какао е сѐ што ви треба.

Оваа негувачка маска за лице е особено ефикасна за ублажување на темните кругови околу очите. Ги елиминира трагите на умор и надуеностa на лицето, како и ја ревитализира и подмладува кожата. За нејзината подготовка, покрај кафе и какао, потребни ви е и јогурт или павлака, мед или сок од лимон. Медот се става доколку имате сува кожа, додека пак лимонот ако имате мрсна. Доколку пак, ако кожата ви е сува и дехидрирана, тогаш млечниот производ заменете го со некое хранливо масло.

maska za lice so kafe 2

Како да направите хранлива маска за лице со кафе и какао?

Потребни состојки:

  • 4 лажици какао во прав без додаток на шеќер
  • 4 лажици мелено кафе (може да користите и талог, но во тој случај маската ќе има помал ефект)
  • 8 лажици павлака, млеко или јогурт
  • 2 лажици мед или 2 лажици лимонов сок во зависност од типот на вашата кожа. За сува кожа користете мед, а за мрсна лимон.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во длабок сад промешајте ги кафето и какаото, па додајте го млекото, павлаката или јогуртот.
  2. Добро промешајте и додајте го медот или лимоновиот сок.
  3. Повторно добро измешајте, додека добиете хомогена смеса.
  4. Вака подготвената маска нанесете ја на чисто лице и врат.
  5. Оставете ја да дејствува додека се исуши во целост.
  6. Една памучна крпа потопете ја со топла вода, па ставете ја врз лицето со цел маската да омекни.
  7. Отстранете ја маската од лицето така што ќе се измиете со топла вода. Доколку лицето ви е осетливо избегнувајте триење додека се миете.
  8. Вака подготвената маска може да ја чувате во фрижидер неколку дена, до следната употреба.

Совет плус: Наместо  млечен производ, може да користите бадемово или кокосово млеко. А, дозволени се и некои замени како матено јајце, маслиново масло или бадемово масло. Во случај на замена внимавајте на количината на состојките. Одредени состојки може да ги намалите, бидејќи во спротивно маската може да биде премногу течна.

Ви препорачуваме да прочитате: Маска од кафе за млада и сјајна кожа на лицето.

Сподели: