Некои „строги“ режими на здрава исхрана не препорачуваат никакво чоколадо, но познато е дека, после овошјето, црното чоколадо е најздравата храна за засладување! Ако јадете по 2 коцки на ден, ќе има поволни ефекти врз организмот.
Ви предлагаме да го пробате овој рецепт за здрави чоколадни мафини кои се подготвуваат без брашно. Иако често се случува десертите да не можат да се комбинираат во варијанта која може да се нарече здраво и чоколадно, овие чоколадни мафини се вистински доказ дека е можно да се изведе и тоа на вкусен начин.