чоколадно млеко

Домашно чоколадно млеко

Чоколадното млеко најверојатно е вашиот омилен пијалак од детството, па и сега сигурно со задоволство би се напиле чаша чоколадно млеко.

Чоколадното млеко, всушност претставува засладен пијалак од какао. Тоа најчесто се припрема со мешање на чоколаден сируп или чоколадо во прав со млеко. За подготовка на чоколадниот сируп најчесто се користи какао и шеќер, а понекогаш се додава густин, ванила или друг аромат.  За прв пат чоколадното млеко било измислено од Ханс Слоан во Јамајка во 1680 година и се служело како ладен пијалак.

Тоа е богато со протеини и јагленихидрати и често се препорачува да биде дел од исхраната на лица кои спортуваат, бидејќи помага во оправување на мускулите по вежбањето. Едно неодамнешно истажување покажало дека во споредба со популарните фитнес напитоци, водата и чистото млеко, чоколадното млеко има два пати повеќе јаглехидрати и протеини.

чоколадно млеко

Состојки:

  • 3 шолји млеко
  • ½ чаша вода
  • 3 лажички какао во прав
  • 3 лажички шеќер во прав (во замена може да користите стевија, мед или кафеав шеќер)
  • неколку капки екстракт ванила или ½ лажичка ванилин шеќер по желба.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на средна температура ставете ја водата, какаото, шеќерот и ванилата. Мешајте ги додека шеќерот се растопи. Штом сирупот зоврие, тенџерето тргнете го од оган.
  2. Во тенџерето додајте го ладното млеко и измешајте за да се соединат состојките. Приготвеното чоколадно млеко турете го шолји и послужете го веднаш. Доколку ви остане, тенџерето покријте го со капак и чувајте го во фрижидер.
  3. Уживајте и вие и вашите деца!

А како вие го подготвувате вашето омилено чоколадно млеко?

Сподели: