Чоколадни мафини

Чоколадни мафини – здрави и без брашно

Ви предлагаме да го пробате овој рецепт за здрави чоколадни мафини кои се подготвуваат без брашно. Иако често се случува десертите да не можат да се комбинираат во варијанта која може да се нарече здраво и чоколадно, овие чоколадни мафини се вистински доказ дека е можно да се изведе и тоа на вкусен начин. 

Чоколадни мафини

Прекрасен десерт кој уште може да се нарече и диетален, а го откривме на страницата mywholefoodlife.com Изборот на состојки овозможува огромна придобивка да можат да уживаат во него и лицата кои имаат потешкотии со покачена телесна тежина. Кога имате желба да се засладите, а сакате тоа е домашно и здраво, овие чоколадни мафини без брашно ќе ги задоволат вашите апетити за слатко и среќа!

Состојки:

  • 1 шолја кремаст путер од кикиритки
  • 2 зрели банани
  • 1/4 шолја јаворов сируп или мед
  • 1/3 шолја какао во прав.

Подготовка:

  1. Вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени.
  2. Во блендер ставете ги сите состојки и блендирајте додека состојките убаво не се соединат.
  3. Во калап за мафини ставете хартиени корпиња, а потоа подготвената смеса ставете ја во нив.
  4. Ако сакате чоколадни мафини со побогат вкус, во составот можете да додадете и по неколку коцки темно чоколадо.
  5. Печете ги околу 15 минути, а пред да ги извадите од калапот оставете ги да се изладат ококу 15 минути, исто така.

Вкусните и здрави чоколадни мафини без брашно се готови и спремни за дегутација!

Сподели: