оброк во чаша 1

Хранлив оброк во чаша со какао

Хранливо, вкусно и чоколадно, а надополнето со неодоливата арома на банана. Вкусна сензација за убави утра полни со енергија и расположение! Потребни ви се помалку од 5 минути за да си направите совршен оброк во чаша со какао.

Уживаме во кратките и брзи појадоци. Овој пат имаме предлог за екстра брза и многу едноставна подготовка на оброк во чаша со вкус на банана и чоколадо. Како залагачи за фит фигура на што поздрав начин, овој рецепт е подготвен така што содржи 200 калории, при што 17 грама од нив припаѓаат на протеините, а во својот состав има и витамини и минерали. Чоколадниот хранлив оброк во чаша е корисен за повеќе нешта и тоа:

  • ја намалува желбата за храна
  • го регулира и намалува апетитот
  • го зголемува нивото на енергија
  • ја подобрува дигестијата
  • има низок гликемиски индекс
  • одличен е за имуниот систем.
оброк во чаша

Состојки:

  • 1 банана
  • 200 мл обезмастено млеко (со 1,5% млечни масти)
  • 2 лажици какао.

Подготовка:

  1. Бананата излупете ја и по желба исечете ја на кругови, па ставете ја во блендер.
  2. Потоа додајте го млекото и на крај двете лажици какао.
  3. Зависно од блендерот, блендирајте 2-3 минути, а штом видите дека содржината убаво се измешала може да престанете со блендирањето и да преминете на сервирање на напитокот. Погледнете го краткото видео и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадна торта со урми без шеќер и без брашно.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: