Чоколадно уживање без брашно и без шеќер! Во соработка со нашите пријатели од Slim Line Club креиравме чоколадна торта со урми без шеќер и без брашно која е едноставна и превкусна!
Кој би можел да поверува дека може да се направи вакво слатко и нискокалорично задоволство, приготвено од здрави состојки. Супер протеинска комбинација дополнета со природниот шеќер кој го содржат урмите, здравите масти од оревите и семките од тиква, антиоксидансите од темното чоколадо и какаото…

Од добиените состојки може да добиете 10 парчиња на чоколадна торта. Нутритивната анализа на едно парче торта е следната: 100 калории, 13,5 грама на јагленохидрати, 2,9 грама масти и 5 грама протеини. Дефинитивно, станува збор за рецепт кој вреди да се проба.
Состојки:
- 1 белка
- 1/2 чаша јогурт
- 1/3 чаша SLC Meal Replacement од чоколадо (може да го купите тука)
- 1 лажица екстракт од ванила
- 1 лажица чоколадно какао
- 1 чаша мелени овесни снегулки
- мала лажичка прашок за печиво
- 10 урми
- 1 лажичка сечкано темно чоколадо
- 3 лажици сечкани ореви
- 2 лажици сечкани семки од тиква
- 1/2 мала лажичка свежо цеден сок од лимон
- 1/4 чаша вода.

Подготовка:
- Во сад за матење ја ставаме белката. Матиме со миксер за време од 2 до 3 минути додека се добие густ шлаг.
- Во садот ги додаваме јогуртот, водата, сокот од лимон и екстрактот од ванила и мешаме со лажица.
- Во друг сад ги ставаме мелените овесни снегулки, какаото, прашокот за печиво и SLC Meal Replacement-от од чоколадо. Ги мешаме со лажица.
- Потоа ги додаваме во садот со матената белка и повторно мешаме со лажицата додека добиеме хомогена смеса.
- Урмите ситно ги сечкаме.
- Во садот ги додаваме ситно сечканите урми, оревите, сечканото чоколадо и семките од тиква. Мешаме со лажицата.
- Во правоаголна тава ставаме хартија за печење. Во тавата ја турваме смесата за тортата и добро израмнуваме.
- Тортата ја ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени за време од 5 минути. Потоа, температурата ја намалуваме на 175 степени и продолжуваме со печењето околу 10 минути.
- Готовата чоколадна торта со урми ја оставаме да се излади. Ја сечиме на парчиња и ја сервираме. На здравје!
Совет плус: Искористете ја акцијата на Slim Line Club и порачајте SLC Meal Replacement Chocolate + Slim Line Coffee со 30% попуст. Посетете ја онлајн продавницата или јавете се на телефоните 078215929 и 02 270 0028 за да добиете повеќе информации и совети.

Доколку ве интересираат протеински десерти ви предлагаме да прочитате: Енергетски чоколадни бомбици со кокос и овес без шеќер.