7 важни совети за здравјето на мажите

Д-р Нела Деспотовска советува: 7 важни совети за машкото здравје

Ноември е месец на машкото здравје! Под овој термин, се подразбираат сите здравствени проблеми кои се јавуваат кај машката популација. А, повеќе пати сме спомнале, превенцијата и раното откривање на болестите се клучот за долг и квалитетен живот. Негата преку исхраната и уште неколку други корисни навики, можат да придонесат во зачувувањето на вашето здравје ако сте маж, или текстов и тоа како ќе ви користи, ако вашата грижа и љубов се насочени кон вашиот син, сопруг, внук, пријател или роднина. Најмалку важна е врската и сродството, она што е најважно, е дека сите имаме некој кого го сакаме и му посакуваме добро. Токму затоа, на оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска и ви откриваме 7 нејзини совети за здравјето на мажите, кои ве охрабруваме да ги споделите со вашите ближни.