7 важни совети за здравјето на мажите

Д-р Нела Деспотовска советува: 7 важни совети за машкото здравје

Ноември е месец на машкото здравје! Под овој термин, се подразбираат сите здравствени проблеми кои се јавуваат кај машката популација. А, повеќе пати сме спомнале, превенцијата и раното откривање на болестите се клучот за долг и квалитетен живот. Негата преку исхраната и уште неколку други корисни навики, можат да придонесат во зачувувањето на вашето здравје ако сте маж, или текстов и тоа како ќе ви користи, ако вашата грижа и љубов се насочени кон вашиот син, сопруг, внук, пријател или роднина. Најмалку важна е врската и сродството, она што е најважно, е дека сите имаме некој кого го сакаме и му посакуваме добро. Токму затоа, на оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска и ви откриваме 7 нејзини совети за здравјето на мажите, кои ве охрабруваме да ги споделите со вашите ближни.

Грижата за машкото здравје започнува од обични нешта кои треба да се нормални, а не табу тема. Секој современ маж мора да ја стекне и прифати навиката за посета на уролог. Карциномот на простата e втора најчеста причина за смрт кај мажите во целиот свет. Доколку се детектира навреме, може да значи и спасен живот, посебно кај малигните заболувања. Бидејќи здравјето е пред сѐ, топло препорачуваме да проичитате и споделите грижа кон машките индивидуи кои се значајни во вашиот живот.

7 важни совети за здравјето на мажите

Мажи, правете редовни прегледи дури и ако се чувствувате добро

Редовните прегледи треба да бидат навика и нормална рутина, а не обврска. Превенцијата секогаш нека има предност пред лекувањето. Ваквите прегледи често пати, помагаат да спречиме одредена болест уште пред да се појават првите симптоми, а со тоа патот до подолг и поквалитетен живот е поблизок.

Закажете состанок со вашиот лекар кога нешто не ви изгледа како што треба

Ако сте забележале некакви промени, било што различно од вашето „нормално“, обратете се кај вашиот лекар. Раното дијагностицирање може да значи живот и кај најмладите.

Споделете ја здравствената семејна историја со вашиот лекар

Запознавањето со причините за здравствените проблеми е првиот чекор во изнаоѓање начин да им се помогне на мажите, а и на целата популација, да живее подолго. Ако вашиот татко или други членови на семејството имаат историја на хипертензија, срцеви заболувања, дијабетес или други хронични здравствени состојби, можеби сте изложени на поголем ризик. Не мора да значи, но тоа може најдобро да го пресуди и разграничи вашиот лекар.

Не заборавајте да сте физички активни

Вежбајте најмалку 30 минути дневно. Дури и брзото 20-минутно пешачење, неколку пати неделно со вашиот партнер или редовна игра надвор со вашите деца или внуци, може да обезбеди придобивки за здравјето на срцето.

Одморајте се кога ви е потребно

Издвојте време за себе и ослободете се од стресот. Слушајте музика, читајте книга или гледајте го вашиот омилен филм. Спијте доволно или лежете кога имате потреба од физички одмор. Притоа, не заборавајте и на негата на менталното здравје.

Правете скрининг за рано откривање на канцерогени промени

Врз основа на вашата возраст, семејна историја и начин на живот, вашиот лекар може да ви препорача да направите скрининг за рак на дебелото црево, рак на простата или рак на белите дробови. Никој не сака ниту да го прави ова, ниту да го има, но следењето и раното откривање се половина успех до подолг живот.

Совети плус кој се корисни за здравјето на мажите: Земајте додатоци во исхраната

Има повеќе додатоци во исхраната кои можат да го подобрат и засилат машкото здравје. Со помош на Д-р Нела Деспотовска, како топ препорачливи ги издвоивме следните:

  • Saw Palmetto Berries за здрава простата. Saw Palmetto е ниско-растечка палма, која содржи бројни полезни состојки, вклучувајќи флавоноиди, стероли и масни киселини. 50-60% од мажите во светот патат од синдромот на зголемена простата што предизвикува многу болно мокрење. До зголемување на простата доаѓа поради хормонални промени кои се нормална појава кај секој зрел маж. Saw Palmetto нема естрогенско влијание на телото на мажите и е без споредни ефекти, како што е губење на сексуалната желба.
совети за машкото здравје
  • Selenium од Now Foods за подобра плодност и потенција. Селенот ја подобрува подвижноста на спермата и протокот на крвта во простатата. Тој навлегува во митохондриите на сперматозоидите и на тој начин може да влијае на тоа како тие се движат кон јајце клетката.
  • BioAstin за подобра енергија и силно здравје на цел организам. Биоастин е најефикасен начин да му овозможите на вашиот организам да ги добие придобивките на астаксантинот и неговата антиоксидантна способност и моќ во борбата против болестите. Овој извонреден нутриент може да направи многу работи да се чувствувате подобро и да ви помогне да живеете подолго: ја зголемува енергијата, ја зголемува издржливоста и го намалува уморот при вежбање, го поддржува здравјето на зглобовите.
  •  Sun E од Now Foods за зголемување на плодноста на мажите. Витаминот Е е еден од најзначајните витамини кои помагаат за зголемување на плодноста на мажите. Овој витамин ја подобрува подвижноста на спермата, ги заштитува клетките од оштетување, па неговото внесување е неопходно.
  • NOW® Vitamin D-3 за посилни коски и поздрави заби. NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на маслен раствор. Придонесува за подобра состојба на забите, посилни коски, зголемена енергија и концентрација, подобро расположение и посилен имун систем.
  • L-Arginine ослободува од слободни радикали. L-Arginine е аминокиселина која игра важна улога во одржување и подобрување на вашето здравје. Основата му е природна, работи како антиоксидант и кога се зема како и секој друг додаток на амино киселина нуди безброј здравствени придобивки.
  • CoQ10  за здраво срце и крвоносен систем. Коензимот Q10 е природен нутриент присутен во секоја клетка и неопходен за производството на клеточна и мускулна енергија во организмот. Кога снабдувањето со CoQ10 е ниско, клетките стануваат неефикасни и ранливи, имунолошкиот систем слабее, чувствителноста на одредени здравствени нарушувања се зголемува, започнува процес на предвремено стареење и срцето слабее.

Важно: Доколку земате лекови за срце, имате проблеми со желудечната киселина, дијабетичар сте или имате друга потреба, консултирајте се со вашиот докторот пред употреба на горенаведените додатоци.

Повеќе за производите прочитајте на онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: CoQ10 е чувар на срцето и младоста

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: