Што има подобро од топла пилешка чорба, парче леб и насмевки на трпезата? А токму пилешката чорба е едно од оние јадења што секогаш нѐ потсетуваат на домашната кујна.
За секоја слава, роденден, годишнина, пречек на Новата Година и други моменти кои се вредни за креирање на убави спомени, трпезата не може да се замисли без вкусни кремасти салати. Ако ви се досадиле руската, кинеската и француската салата, имаме одличен предлог за пилешка салата со цвекло, за која сигурни сме дека ќе ви се допадне.
Кога ќе го пробате вкусот на нашата пилешка салата со макарони ќе знаете дека е тоа е можеби најсовршениот состав на состојки кои ги избра Клара. Сите рецепти кои ни ги предлага таа имаат нејзин печат и доза на препознатливост кои будат желба кај нас како дегустатори да уживаме во јадењето и да посакаме да ги споделиме со сите вас.
Ако барате рецепт за здрава, вкусна домашна пилешка супа која не содржи глутен, засилувачи на вкус и други адитиви, ви предлагаме да го пробате рецептот од нашата кујна. Оваа супа е богата со зеленчук, кој изобилува со растителни влакна и е идеална за сите кои внимаваат на својата тежина и сакаат да водат здрав живот.