Пилешка супа со мешан зеленчук (без глутен) 1

Пилешка супа со мешан зеленчук (без глутен)

Супер здрава варијанта на мешавина од месо и зеленчук. Ваква пилешка супа со мешан зеленчук добро би дошла на секого, препорачуваме да ја пробате.

Одлична е ако применувате некој здрав режим на исхрана или пак ако сакате да се нахраните со нешто здраво и корисни хранливи состојки. Ќе му се допадне на целото семејство.

Пилешка супа со мешан зеленчук (без глутен) 2

Состојки:

  • 1,5 литри вода
  • 2 пилешки батаци или поголемо парче пилешки стек
  • околу 50 гр мешан зеленчук (златна мешавина)
  • 200 гр брокула
  • 2 помали моркови
  • мешан сув зачин или мешавина за супа по вкус
  • малку црн пипер
  • прстофат куркума
  • неколку гранчиња магдонос.

Подготовка:

  1. Во сад сварете го месото, па откако малку ќе се излади искинете го на поситни парчиња. Течноста во која се варело месото не ја фрлајте, туку во неа вратете го искинатото месо.
  2. Брокулата измијте ја и ситно исечкајте ја, а морковите излупете ги и изрендајте ги, па ставете ги во тенџерето со месото.
  3. Додајте ја златната мешавина и останатите зачини, освен магдоносот. Откако убаво ќе се извари зеленчукот, на крај додајте го и магдоносот. Сервирајте топло, а по желба додајте и јаболкова киселина или сок од лимон. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Домашна пилешка супа со зеленчук.

Сподели: