Помогнете си при интолеранција на глутен 1

Д-р Нела Деспотовска советува: Помогнете си при интолеранција на глутен

Ви се здосади да не можете да уживате во некој оброк поради стравот од непријатности кои се јавуваат потоа? – Свесни сме дека појавата на интолеранција на глутен е многу чест проблем во денешно време, а бидејќи и личнo ние познаваме многу лица од нашата околина кои го имаат овој проблем, се ангажиравме и поистражувавме за да помогнеме со предлог препораки. Голема благодарност до Д-р Нела Деспотовска која секогаш е тука да ги поддржи и поткрепи нашите сознанија.

интолеранција на глутен 1

Што може да помогне при интолеранција на глутен?

Имате гасови, надуеност, болки во горниот дел на стомакот, чувство на недоволна испразнетост на цревата, дијареја или запек после консумирање на оброк со житарици? – Можеби станува збор за интолеранција на глутен. Зошто кај некои лица дигестивниот систем не може да го свари глутенот и што може да им помогне, дознајте од текстот кој го подготвивме.

Чиа пудинг со јагоди во чаша 1

Чиа пудинг со јагоди во чаша

Катерина од нашиот тим вели: „Вкусна радост во чаша! Време е за чиа пудинг со јагоди! Ова е мојот најнов освежителен специјалитет кој ја обележа пролетта моите сакани и еден од рецептите кои се објавени во најновиот број на списанието Добра храна! Уживање за сите сетила и енергија за телото без шеќер, без глутен и без лактоза. Звучи неверојатно нели? – Баш таков е, идеално добар! Ако сте љубителите на здравиот животен стил, ова е оброк за појадок или десерт за вас. Од предложената доза ќе добиете 2 порции.“

Откријте ги знаците на лицето кои укажуваат на интолеранција

Откријте ги знаците на лицето кои укажуваат на интолеранција на 4 намирници

Кожата е огледало на здравјето, особено при одредени акутни здравствени проблеми. Најчест предизвикувач на кожни проблеми е нездравиот начин на исхрана, како и лошата толеранција на организмот на одредени намирници. Па така, пред да се откажете од вашите омилени колачиња, чаша млеко или вино, дознајте кои од овие намирници влијаат не само на вашата тежина и здравје, туку и на вашето лице. Можеби ќе ве зачуди фактот што интолеранцијата на одредени намирници може да го смени вашето лице до непрепознатливост.

навики кои ќе ви го подобат здравјето

5 навики кои ќе ви го подобрат здравјето

Општо е познато дека лошите навики и неквалитетниот животен стил може да предизвикаат хринични воспаленија, предвремено стареење, па дури и канцер. Освен тоа, некои истражувања покажаа дека храната е во дирекна корелација со појавата на одредени заболувања како што се дијабетесот, кардиоваскуларните и автоимуните заболувања. Во продолжение ви припремивме листа со неколку навики кои ќе ви го подобат здравјето.  

Безглутенски солени мини палачинки со изварка

Претходно имавме приготвено мини интегрални палачинки со урда и ким, кои многу ни се допаднаа. Така се роди идејата да направиме слична варијанта, на солени мини палачинки, но овој пат без глутен.

Потпечени тестенини со фил од блитва 1

Потпечени тестенини со фил од блитва

Секако, зависно од сезоната, може да ги направите и со спанаќ или штавеј, како што ви е згодно и најдобро по вкус. А, ако сепак се одлучите да ја пробате оригиналната верзија на нашите потпечени тестенини со фил од блитва, сигурни сме дека ќе уживате во вкусот како и ние.

Печени вегетаријански плескавици - со семиња и без глутен 1

Печени вегетаријански плескавици – со семиња и без глутен

Здрави со семиња и оформени без глутен! Имавме разни состојки во кујната, па лесно беше да се пробуди креативноста и да се направат овие многу вкусни печени вегетаријански плескавици. Одлични се за многу режими на исхрана, а најмногу од се, погодни се и може да ги сместиме во оброците за добро здравје!

10 причини зошто да консумирате костени почесто 1

10 причини зошто да консумирате костени почесто

Има многу причини за да ги вклучите костените во исхраната! Мирисот на печени костени кој се шири по улиците и ни е добро познат, е нешто кое на сите ни годи и тоа многу. И покрај тоа што се превкусни, можеби не сите знаат за многубројните предности кои тие ги имаат по нашето здравје. Па, ви препорачуваме да ги прочитате овие 10 причини зошто е убаво да се јадат костени.

Здрави палачинки од банана за 5 минути 1

Здрави палачинки од банана за 5 минути

Има ли такви кои бесконечно долго можат да се одречат од слатката храна!? Сигурни сме дека не! Секако, со волја и желба секој од нас може да го направи тоа за извесен период, но долготрајното добро здравје во текот на животот, подразбира здрав животен стил на долг рок. Па, со цел да овозможиме тоа да биде полесно, ви предлагаме да го пробате нашиот рецепт за здрави палачинки од банана, кои се прават за само 5 минути и се без шеќер, без глутен и без лактоза.

Брзи бомбици без шеќер и без глутен 1

Брзи бомбици без шеќер и без глутен

Ги подготвивме со мерак и со желба да се засладиме сите! Потребни ви се само 4 состојки за да направите здрави и вкусни бомбици без шеќер! Одлични за целото семејство, од најмали до највозрасни. Супер се за носење на пикник, на патување или за домашно сладење.

Здрав појадок без глутен и лактоза за 5 минути 1

Здрав појадок без глутен и лактоза за 5 минути

Ако и вие се борите со килограмите, сакате да намалите телесна тежина или едноставно вашиот организам не поднесува одредени состојки од храната, па имате здравствени проблеми, време е да го пробате нашиот здрав појадок без глутен и лактоза. Толку едноставен и брз, а супер вкусен и нутритивно квалитетен!

храна без глутен

Исхрана без глутен: нов тренд или здрав живот?

Исхраната без глутен се состои од избегнување на намирници кои го содржат глутенот. Тој е протеин кој ги има во пченицата, ржот, јачменот и во други житни култури, а го нема во киноата, пченката, оризот, леќата и сојата. Денес, милиони луѓе во светот не поднесуваат глутен (поради целијакија или алергија на пченицата). А уште многу патат од алергија, астма, ревматски артритис, мигрена, умор и сл, практикуваат исхрана без глутен, заради надминување на тегобите при овие состојби.