Здрави палачинки од банана за 5 минути 1

Здрави палачинки од банана за 5 минути

Има ли такви кои бесконечно долго можат да се одречат од слатката храна!? Сигурни сме дека не! Секако, со волја и желба секој од нас може да го направи тоа за извесен период, но долготрајното добро здравје во текот на животот, подразбира здрав животен стил на долг рок. Па, со цел да овозможиме тоа да биде полесно, ви предлагаме да го пробате нашиот рецепт за здрави палачинки од банана, кои се прават за само 5 минути и се без шеќер, без глутен и без лактоза.

На кратко, одлични за сите! Обожавани од вегетаријанци, лица кои се придржуваат на различни диетални режими, дел од менито на палео исхраната и супер за деца и возрасни. Вкусот не заостанува зад квалитетите воопшто. Вреди да ги пробате.

Здрави палачинки од банана за 5 минути 2

Состојки:

  • 1 банана
  • 2 јајца
  • 1/2 чаша овес
  • 1/4 чаша мед или јаворов сируп
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 1/2 лажичка цимет
  • малку путер за намрсување на тавата (по желба може и со масло).

Подготовка:

  1. Најпрво ставете го овесот во блендер и убаво иситнете го.
  2. Потоа, додајте ја бананата, јајцата, медот, ванилата и циметот и повторно блендирајте.
  3. Тавата намрсете ја со путер и добро загрејте ја, па турете од смесата за палачинки. мал совет кој можеме да ви го дадеме, е смесата да ја турвате одеднаш со лажицата, без да ја разнесувате по тавчето, а таа самата ќе се прошири во форма на круг.
  4. Откако ќе се појават меурчиња на горната страна можете да ја превртите за да се печи од другата страна. Брзо и лесно, ќе имате одличен оброк, на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Мини палачинки во форма на срце.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: